Иан Хачинсон беше возачот кој требаше да се победи кај суперспорт мотоциклите. Мајкл Данлоп се обиде да остане близу до Хачинсон, но не успеа да оддржи чекор со него и предноста постепено се зголемуваше.

Времето е одлучувачко кај трката Isle of Man и често знае да им ги промени плановите на натпреварувачите. Оваа година времето беше перфектно, топло и сончево во текот на целата тренинг недела, а исто така и за време на натпреварувачката недела. Таквото време траеше се до средата кога поради маглата целиот настан беше одложен за неколку часа.

Supersport Race1 Isle of Man TT Tony Goldsmith 956

Тоа значеше дека втората трка од „Monster Energy Supersport TT“ почна напладне наместо наутро. За среќа, и покрај одложувањето, трката се оддржа и беше навистина интересна.

И повторно, Иан Хачинсон беше возачот кој требаше да се победи кај суперспорт мотоциклите. Мајкл Данлоп се обиде да остане близу до Хачинсон, но не успеа да оддржи чекор со него и предноста постепено се зголемуваше.

До вториот круг, Хачинсон ги стигна Брус Енсти и Џон МекГинис. За жал МекГинис се повлече во третиот круг, а во истиот круг се повлече и Камерон Доналд.

Бидејќи Хачинсон беше недостижен, Данлоп мораше да се задоволи со второто место. По завршувањето на трката, тој изјави дека главни виновници за неуспехот се шасијата и моторот и токму поради нив на крајот имал заостанување од 17 секунди во однос на Хачинсон.

Хачинсон пак изјави дека патеката не била во истата состојба отколку пред неколку дена.

На третото место заврши Дин Харисон со заостанување од 33 секунди зад Хачинсон.

Со оваа победа, Хачинсон сега има 14 први места на „Isle of Man TT“. 

За целосните резултати кликнете овде.

Back To Top