22
Нед, Јан
Останато

IOMTT: Иан Хачинсон во водство по вториот ден

Хачинсон беше првиот возач кој го надмина лимитот на просечната брзина по круг од 209 километри на час.

Следете нè на:

 

Возачот на Tyco BMW, Иан Хачинсон беше првиот возач кој го надмина лимитот од 209 километри на час. Тој успеа да постигне брзина од 210 км и беше најдобар на вториот ден од квалификациите за Isle of Man TT 2016. Веднаш зад Хачинсон се најдоа возачите на Honda Racing, Џон МекГинис и Питер Хикман.

adbda890cc754a2396a737df27554ca3.ashx Хачинсон најдоброто го чуваше за крај и постигна просечна брзина од 210 км/ч

Хачинсон беше најбрз на стартот и на првиот круг постигна брзина од 208 км на час. Тој беше следен од Харисон кој постигна брзина од 207 км/ч. Енсти постигна брзина од 205, а Конор Каминс, Мерцер, МекГинис и Хикман успеаа да ја надминат бариерата од 204 км/час.

Вилијам Данлоп имаше проблеми со својот Супербајк мотоцикл, но подоцна се врати со Суперсток мотоциклот. Неговиот брат Мајкл исто така имаше проблеми.

Хачинсон се префрли на својот BMW Суперсток, но Хикман, МекГинис, Каминс и Џејмс Хилер продолжија. Мекгинис успеа да постигне брзина од 208 км/ч и беше за само неколку десетинки подобар од Хикман кој имаше исто така брзина од 208. Каминс исто така беше во нивна близина, а Мерцер го постигна најдобриот резултат на планинскиот дел, но тој беше неофицијален.

Енсти ја подобри брзината и успеа да постигне 207, а Јохем ван дер Хоек од Холандија, кој за прв пат настапува, успеа да постигне 185 км/ч.

Рутер потоа стана втор најбрз во Суперсток класата откако постигна 206. Големо внимание беше посветено на третиот круг на Енсти кој на одредени делови покажа дека е многу брз. Но сепак, тој загуби време при спуштањето од планината и целта ја премина со брзина од 207 км/ч. Хачинсон најдоброто го чуваше за крај и постигна брзина од 210 км/ч. 

Во Суперспорт класата, Енсти беше најдобар со постигната брзина од 200 км/ч и се најде пред Харисон и Хачинсон. Мајкл Данлоп извозе два круга на неговата Yamaha R6, а на едниот круг постигна брзина малку поголема од 197км/ч.

comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!