Останато

Honda TT Legends годинава со тројца возачи на Isle of Man TT

Тимот на Honda TT Legends ќе се упати кон „Isle of Man“ оваа недела за да одржи тренинг сесија. Џон Мекгинис, кој има остварено 19 победи на Isle of Man TT, ќе биде придружуван од  Мајкл Рутер и Мајкл Данлоп-и двајцата имаат по три TT победи.

Следете нè на:

 

honda-ttМајкл Данлоп на тренингот на „North West 200“

Тимот на Honda TT Legends ќе се упати кон „Isle of Man“ оваа недела за да одржи тренинг сесија. Џон Мекгинис, кој има остварено 19 победи на Isle of Man TT, ќе биде придружуван од  Мајкл Рутер и Мајкл Данлоп-и двајцата имаат по три TT победи.

По разочарувачкиот старт на сезоната со откажувањето на Северозападната 200 Супербајк трка (North West 200), Мекгинис, Рутер и Данлоп се решени да им пружат добро шоу на илјадниците ТТ фанови кои се собираат на оваа трка секоја година.

Сите погледи ќе бидат насочени кон тимот на Honda TT Legends бидејќи Мекгинис ќе ја брани титулата на најбрз возач, Рутер се враќа во тимот а младиот Данлоп ќе покаже што може да направи со CBR1000RR Fireblade. Сите тројца ќе се борат да ги освојат 2013 Супербајк и Сениор титулите.

Нил Таксворт

Северозападната 200 (North West 200) трка беше големо разочарување за сите инволвирани па затоа со нетрпение ја очекуваме оваа трка. Ќе стартуваме со тројца возачи (three-rider line-up) во Супербајк и Сениор трките и тоа ќе биде еден од најсилните стартови што досега сме го имале. Мекгинис, Рутер и Данлоп се докажани победници на ТТ па затоа и имаме големи надежи во однос на резултатите кои ќе бидат постигнати оваа година.

Џон Мекгинис

Сите бевме разочарани што не возевме на Северозападната трка (North West 200), па затоа ТТ е уште поважна оваа година. Како и секогаш, ќе бидам малку нервозен пред првата тренинг сесија, но штом ќе се качам на моторциклот и почнам да возам, ќе се чувствувам како дома. Нема сомневање дека младите возачи ќе ми бидат конкуренција, но и јас ќе се борам исто толку силно.  Да се надеваме дека времето ќе биде добро и дека ќе им приредиме одлична забава на фановите.

mekginisЏон Мекгинис

Мајкл Рутер

По откажувањето на Северозападната трка, со нетрпение чекам да се вратам на патеката.  Знам дека тимот е сериозен и се радувам што ќе бидам со нив на Островот на Човекот (Isle of Man). Моите тимски колеги случајно се и моите најголеми ривали, но сигурен сум дека ќе имаме добра трка, само да се надеваме дека ќе имаме добри временски услови.

majkl-ruterМајкл Рутер

Мајкл Данлоп

Северозападната трка (North West 200) беше чудна за мене бидејќи јас победив на 600cc, но времето беше ужасно и не успеавме да возиме на големите моторцикли. Мојата машина беше одлична на тренингот и ќе бев на чело на трката,па затоа со нетрпение чекам да видам што можеме да направиме на оваа трка. Ова е мојата омилена патека и ако времето е добро, тоа ќе биде одлично шоу.

Во продолжение и целиот распоред за сесиите:

Тренинг
Сабота 25 Мај
18.20-18.45 - Solo Newcomers' speed controlled 
18.35 -19.00 - Sidecar Newcomers' speed controlled 
18.50 -19.50 - Lightweight TT/Newcomers 
19.55 -20.50 - Sidecar

Понеделник 27 Мај
18.20 - 19.55 - Superbike/Superstock/Supersport/Newcomers 
20.00 - 20.50 - Sidecar

Вторник 28 Мај
18.20 - 19.05 - Superbike/Superstock/Supersport/Newcomers 
19.10 - 19.55 - Supersport/Lightweight/Newcomers 
20.00 - 20.50 – Sidecar

Среда 29 Мај
18.20 - 19.55 - Superbike/Superstock/Supersport/Newcomers 
20.00 - 20.50 - Sidecar

Четврток 30 Мај
18.20 - 19.10 - Sidecar
19.15 - 19.55 - Supersport/Lightweight/Newcomers 
20.00 - 20.50 - Superbike/Superstock/Supersport/Newcomers

Петок 31 Мај
18.20 - 19.10 - Sidecar
19.15 - 19.50 - Supersport/Lightweight/Newcomers 
19.55 - 20.25 - Superbike/Superstock/Supersport/Newcomers 
20.30 - 20.50 - TT Zero

Сабота 1 Јуни
16.40 - 17.40 - Supersport/Lightweight
17.45 - 18.30 - TT Zero

Понеделник 3 Јуни
12.30 - 13.00 - Sidecar
16.00 - 16.30 - TT Zero

Среда 5 Јуни
15.50-16.15 - Senior
16.20-16.45 - Lightweight

ТРКИ 
Сабота 1 Јуни
12.00 - Dainese Superbike (6 круга)
15.00 - Sure Sidecar 1 (3 круга)

Понеделник 3 Јуни
10.45 - Royal London Superstock (4 круга)
14.00 - Monster Energy Supersport race 1 (4 круга)

Среда 5 Јуни
10.45 - SES TT Zero (1 круг)
12.00 - Monster Energy Supersport race 2 (4 круга)
14.30 - Sure Sidecar 2 (3 круга)

Петок 7 Јуни
10.45 - Bikesocial.co.uk Lightweight (3 круга)
13.00 - Pokerstars Senior TT (6 круга)

 

comments

Би можело да ве интересира

Клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!