Останато

Елијас во водство на MotoAmerica

Тимот Yoshimura Suzuki, кој има техничка поддршка од Motul, а за кого настапува поранешниот MotoGP возач, Тони Елијас, засега е во водство откако успеа да победи на три од првите четири трки.

Следете нè на:

 

MotoAmerica серијата за прв пат беше претставена во 2014 година од страна на трикратниот MotoGP шампион, Вејн Рејни. Таа е официјално признаена од Американската Мото Асоцијација како и од FIM Северна Америка. Оваа година Motul ќе биде официјален спонзор на трката од Супербајк категоријата. Патеките во Остин и Атланта веќе беа домаќини на две од трките.

eliascotatest2017 bjn

Тимот Yoshimura Suzuki, кој има техничка поддршка од Motul, а за кого настапува поранешниот MotoGP возач, Тони Елијас, засега е во водство откако успеа да победи на три од првите четири трки. Шпанецот има за цел бронзениот медал кој го освои во 2016 година да го замени за златен. Елијас е само еден од неколкуте возачи кои успеале да остварат победа во категориите 125, 250, Moto2 и MotoGP. Во 2010 година тој дури беше и шампион во Moto2 серијата. Неговиот настап во тимот засега е одличен и веќе има направено значителна разлика пред  актуелниот шампион, Камерон Бубиер.

Елијас исто така се судри и со неговиот тимски колега Роџер Хајден. За време на последниот круг од првата трка во сезоната, двајцата возачи неколкупати ги променија местата додека се бореа за првата позиција. Возачот од Кентаки веќе има постигнато една пол позиција и три места на подиумот.

Би можело да ве интересира

Третата трка од годинешниот МотоГП шампионат викендов се вози во САД.

Ducati најави серија на мерки кои ќе ги применат на нивните модели, при што ќе се користи и напредна електроника, за да се подобри безбедноста на возачите.

Дали Бредли Смит ќе ја оправда довербата од КТМ и ќе остане и понатаму во тимот?

Имаме една добра вест за сите фанови на МотоГП. Дани Педроса доби дозвола за настап од докторите и ќе биде дел од трката која овој викенд ќе се оддржи на патеката во Остин, Тексас.

Гран При трката која овој викенд ќе се оддржи во Остин би можела повторно во преден план да ги исфрли организаторите.

Постојат десетина фактори кои влијаат врз секоја индустрија и пазарот со мотоцикли воопшто не е различен. 

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!