25
Чет, Мај
Останато

Сирил Деспре ја оствари петтата титула на релито Дакар

После две недели натпреварување, релито Дакар 2013 заврши викендов во Сантијаго, Чиле. Сирил Деспре оствари уште една победа на релито, забележувајќи ја вкупно 5-та титула зад себе.

Следете нè на:

 

KTM-Cyril-Despres-Dakar-Rally-2013Петта титула за Деспре на релито Дакар

После две недели натпреварување, релито Дакар 2013 заврши викендов во Сантијаго, Чиле. Сирил Деспре оствари уште една победа на релито, забележувајќи ја вкупно 5-та титула зад себе.

И покрај тоа што беше меѓу фаворитите по откажувањето на Марк Кома поради повреда, патот до првото место воопшто не беше лесен. Во текот на 14те етапи, Деспре имаше постојан притисок од возачите на Јамаха и Хускварна како и од останатите возачи на КТМ тимот.

Одев на победа и покрај сите изненадувања што може Дакар да ги приреди. Имав мали навигациони грешки, веројатно помалку од останатите возачи, се грижев за својот мотор и бев дел од добар тим. Накратко, имам добра причина да бидам среќен. Денот кога ќе можеш лесно да победиш на Дакар, тој ќе престане да биде интересен. А тој ден е сеуште далеку!изјави Деспре на целта

И покрај тоа што го заврши релито со предност од 10 минути и 43 секунди,  Деспре имаше неколку проблеми во текот на трките, дури мораше и да го замени моторот за време на „долгиот“ викенд, кога на возачите им е забранета помош од нивниот тим за подршка (сепак доби помош од колегите од КТМ тимот).

По освојувањето на втората Дакар победа по ред, а вкупно петта во кариерата, Деспре сега има две титули помалку од неговиот ривал Марк Кома. Toa e нешто кое што сигурно ќе се обиде да го надмине следните години.

cyril-despres-ktm-2013-dakar-rally-11Само две титули помалку од Марк Кома

Премногу е долго, премногу е тешко, премногу е топло. Дури е и премногу ладно.Треба да стануваш рано наутро,да го пронајдеш вистинскиот пат во лавиринтот од дини во Перу и Чиле.Мораш да ги избегнуваш камењата и кактусите на патеката во близина на Кордоба. Воопшто не е лесно да победиш. А уште подобро е кога ќе победиш на тешка трка. Секогаш сум фокусиран на она што треба да го направам. Се бориме со тежок противник, пустината. Потоа имаме камења а тука се и Андите... сето тоа го искусуваме.дополни петкратниот шампион

За КТМ, релито Дакар 2013 претставува продолжение на традицијата на доминација. Австриската компанија ги освои првите пет места кај моторциклистите во генералниот пласман. Сепак Јамаха, Хонда и Хускварна покажаа одлична Дакар програма, која може да ги направи работите многу поинтересни во наредните години. Нов влез во Дакар имаше тимот на HRC, присуство кое е добро за рели трката.  Иако тимот имаше постојани проблеми, сеуште е рано да се отпише Јапонскиот производител, на крајот нивните возачи ги освоија 7,8 и 40 место.

Топ 25 во класата на мотоцикли на релито Дакар 2013:

Поз. Име Земја Мотор Време Разл. Пенали
1 DESPRES FRA KTM 43:24:22 - 00:15:00
2 FARIA PRT KTM 43:35:05 00:10:43 -
3 LOPEZ CHL KTM 43:43:10 00:18:48 00:15:00
4 JAKES SVK KTM 43:48:16 00:23:54 -
5 PEDRERO ESP KTM 44:19:51 00:55:29 00:15:00
6 PAIN FRA YAMAHA 44:30:52 01:06:30 -
7 RODRIGUES PRT HONDA 44:35:44 01:11:22 00:15:00
8 PIZZOLITO ARG HONDA 44:50:29 01:26:07 -
9 VERHOEVEN NLD YAMAHA 44:50:57 01:26:35 -
10 GONÇALVES PRT HUSQVARNA 44:52:42 01:28:20 00:15:00
11 PRZYGONSKI POL KTM 44:58:21 01:33:59 00:05:00
12 GOUËT CHL HONDA 45:10:02 01:45:40 -
13 ULLEVALSETER NOR KTM 46:25:18 03:00:56 00:15:00
14 BARREDA BORT ESP HUSQVARNA 46:29:04 03:04:42 00:17:00
15 METGE FRA YAMAHA 46:36:30 03:12:08 00:20:00
16 KNUIMAN NLD KTM 46:39:34 03:15:12 -
17 CZACHOR POL KTM 47:53:50 04:29:28 -
18 DE AZEVEDO BRA KTM 48:22:02 04:57:40 00:15:00
19 GUASCH ESP GAS – GAS 48:51:08 05:26:46 -
20 CASELLI USA KTM 49:28:02 06:03:40 03:35:00
21 DUCLOS FRA SHERCO 51:02:28 07:38:06 01:00:00
22 CAMPBELL USA HONDA 51:36:02 08:11:40 00:15:00
23 FARRES GUELL ESP HONDA 55:55:59 12:31:37 01:15:00
24 ZANOTTI ITA TM 56:25:42 13:01:20 00:15:00
25 FISH AUS HUQSVARNA 68:49:42 25:25:20 09:15:00
comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!