Thomas

„И покрај брзата медицинска интервенција, младиот мотоциклист, за жал, им подлегна на повредите. Деталите околу несреќата се уште се истражуваат“, потврдија организаторите на релито.

Thomas

Французинот Томас Бургин е третата жртва на годинешното рели Дакар.

„И покрај брзата медицинска интервенција, младиот мотоциклист, за жал, им подлегна на повредите. Деталите околу несреќата се уште се истражуваат“, потврдија организаторите на релито.

Претходно, во средата, двајца загинаа во судирот на возило од логистиката на релито со такси-возило, а дури седуммина беа повредени во оваа несреќа.

Во досегашната 34-годишна историја на релито „Дакар“ животот го загубија вкупно 60 лица, од кои 20 беа во улога на гледачи.

Извор: „MKD.mk

Back To Top