Останато

Дакар 2018: Бареда се врати во игра откако победи на петтата етапа

Како што одминуваат деновите од релито Дакар, се чини дека победата која ја постигна Жоан Бареда на петтата етапа ќе биде од голема важност.

Следете нè на:

 

Многумина сметаат дека таа е една од клучните етапи од овогодинешното рели, а Бареда кој се откажа од борбата за титулата по неколкуте грешки кои ги направи на третата и четвртатат етапа, изгледа дека е повторно во игра. 

dakar dakar 2018 5 monster energy honda team honda joan barreda 7199992

34 годишниот Шпанец победи со голема разлика од 10 минути и 25 секунди, пред официјалниот возач на КТМ, Матиас Вокнер кој повторно имаше извонреден настап. Речиси перфектен ден имаше и тимот на Monster Energy Honda чијшто возач, Аргентинецот Кевин Бенавидас заврши на третото место.

„Победата денеска е важна бидејќи ова беше последниот настап на дините во Перу. Важно беше да победам и да ја надокнадам загубата која ја имав на третиот ден. Навистина притиснав, имавме одличен ден и многу сум среќен поради тоа,“ изјави Бареда.

На прашањето дали се уште е во позиција да се бори за победа, тој изјави: „Да, ние сме дел од групата која има десетина возачи. Се уште треба да ја стигнеме разликата во минути, но трката е долга и сигурно ќе имаме шанса за такво нешто.“

Иако не успеа да го повтори извонредниот настап кој го имаше на четвртата етапа, возачот на Yamaha, Адриен Ван Беверен, имаше уште еден добар настап и се уште се наоѓа на лидерското место. Петтата етапа, 26 годишниот Французин ја заврши на импресивното петто место со заостанување од 14 минути и 35 секунди зад Бареда.

Резултати - Етапа 5

  1. Joan Barreada              ESP                  Honda              3h19m42s
  2. Matthias Walkner        AUT                 KTM                 +10m 26s
  3. Kevin Benavides           ARG                 Honda              +12m 20s
  4. Antoine Meo                FRA                  KTM                 +13m
  5. Adrien Van Beveren     FRA                  Yamaha           +14m 35s

Генерален пласман по Етапа 5

  1. Adrien Van Beveren    FRA                  Yamaha           14h37m40s
  2. Kevin Benavides          ARG                 Honda              +1m
  3. Matthias Walkner       AUT                 KTM                 +1m14s
  4. Joan Barreda               ESP                  Honda              +7m33s
  5. Xavier De Soultrait      FRA                  Yamaha           +7m42s
comments

Би можело да ве интересира

Покрај рекордната продажба во САД која ја објавија минатата недела, BMW соопшти дека успеале да го надминат и рекордот на компанијата на глобалнот пазар, откако во 2017 година успеаа да продадат 164.153 мотоцикли. 

И покрај намалената целокупна продажба на мотоцикли на пазарот, Ducati имаше раст во продажбата и поголеми бројки во 2017 година

Уште еден драматичен ден на релито Дакар. Поранешниот лидер во генералниот пласман, Адриен Ван Беверен мораше да биде евакуран од етапата после тешкиот судар кој го имаше на само 3 километри до целната линија.

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!