Возачот на Ред Бул КТМ тимот Марк Кома ја забележа првата победа на петтата етапа на годинешното рели Дакар 2015.

Dakar2014 Stage5 MarcComa

Возачот на Ред Бул КТМ тимот Марк Кома ја забележа првата победа на петтата етапа на годинешното рели Дакар 2015.

Со победата на петтата етапа Кома успеа да намали цели две минути од водството на возачот на Хонда тимот Жоан Бареда, со што во генералниот пласман разликата помеѓу нив двајца по пет етапи изнесува 10 минути.

Етапата беше во должина од 458км, а Марк Кома успеа да ја заврши за време од 4 часа и 38 минути. Кома мораше да вози навистина брзо и успешно со цел да ја намали разликата од водечкиот возач на Хонда, пред саботниот ден за одмор. 

Успехот на портокаловиот тим е голем иако сеуште ја немаат водечката позиција. На првите десет места во класата на мотоциклите дури 7 им припаѓаат на возачите на КТМ. Тимот сепак остана без еден возач откако Сем Сандерленд се откажа во четвртата етапа.

Back To Top