26
Сре, Апр
Останато

Дакар 2014: 13-та титула по ред за КТМ!

Марк Кома, возачот на Ред Бул КТМ тимот, викендов дојде до четвртата титула на релито Дакар, титула која за КТМ тимот значеше 13-та во низа!

Следете нè на:

 

2014-dakar-13th-ktm-victory-in-a-row-coma-s-4th-win-photo-galleryvideo-medium 194-та победа за Марк Кома, 13-та во низа за КТМ

Марк Кома, возачот на Ред Бул КТМ тимот, викендов дојде до четвртата титула на релито Дакар, титула која за КТМ тимот значеше 13-та во низа!

За да биде успехот поголем за тимот на КТМ вториот возач Жорди Виладомс по последната етапа се најде на втората позиција во генералниот пласман што за тимот значеше 1-2 победа.

За фантастичниот настап на Кома зборува и резултатот кој го забележа на Дакар 2014. Тој со својот мотоцикл измина речиси 9000 километри за 54 часа 50 минути и 53 секунди. Резултатот кој го забележа Кома на крајот беше скоро за два часа подобар од тој на второпласираниот Виладомс.

Без вистинските луѓе зад мене ќе беше невозможно да победам. Работевме многу напорно за време на релито но и претходно додека се подготвувавме. Минатата година бев оневозможен да се тркам заради повредата, но сега се вратив и победувам, тоа говори за луѓето кои ги имам околу мене. Навистина се гордеам со оваа победа. Да бидеш победник на ова рели Дакар, потребно беше да не направиш грешки.изјави Кома по крајот на релито

Третопласиран на релито беше возачот на Јамаха, Оливие Паин, кој заостана само осум минути зад возачот на КТМ, а беше побрз за 5 минути од својот клубски колега Сирил Деспре кој финишираше на четвртата позиција.

Во генералниот пласман, зад двата мотора на КТМ се најдоа две Јамахи па потоа Хонда, иако Хонда имаше големи надежи дека годинава ќе успее да се замеша во освојување на тронот со својот нов Honda CRF450 RALLY и возачот Жоан Бареда.

Резултати од релито Дакар 2014
 
1 Marc Coma 54:50'53 ESP KTM KTM Red Bull Rally Factory
2 Jordi Viladoms +01:52'27 ESP KTM KTM Red Bull Rally Factory
3 Olivier Pain +02:00'03 FRA YAMAHA Yamaha Racing
4 Cyril Despres +02:05'38 FRA YAMAHA Yamaha Racing
5 Helder Rodrigues +02:11'09 POR HONDA TEAM HRC
6 Kuba Przygonski +02:31'46 POL KTM KTM Rally Factory
7 Joan Barreda +02:54'01 ESP HONDA TEAM HRC
8 Daniel Gouet +03:10'34 CHI HONDA Tamarugal Honda Racing XC Rally Team
9 Stefan Svitko +03:50'10 SLO KTM Oraving Slovnaft Team
10 Ivan Jakes +03:58'09 SLO KTM Nad Ress Adventure
comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!