VOZZHelmets разви нов вид на кацига која за разлика од стандардните, наместо да се стави на главата со навлекување, оваа се затвара.

Vozz RS 1.0 е поделена на два дела. За разлика од стандардните, кои се врзуваат со ремче околу вратот, оваа кацига се затвора како школка. Нејзините дизајнери велат дека е подобра за главата и има помал отвор на дното кој помага воздухот да остане надвор и притоа ја намалува бучавата што се создава.

Во случај на незгода, таа многу лесно се вади. Тоа е од голема помош доколку треба веднаш да се интервенира.

122415 MOTOR snaphelmet 1.vadapt.955.high.69

Ја има во неколку големини, а од компанијата велат дека таа многу лесно се става и нема да ви ги превитка ушите, нешто што се случува со стандардните кациги.

RS 1.0 веќе е тестирана и го доби DOT сертификатот, сеуште не е во продажба но планирано е таа да почне да се продава преку интернет во Јануари. Цената на оваа кацига изнесува 650 долари.

Back To Top