Новата кацига со propriatery суспензија драматично ќе го намали ризикот од потресот кај возачите.

6D-ATR-1-Helmet 002

Новата кацига со propriatery суспензија драматично ќе го намали ризикот од потресот кај возачите.

Тешко за верување, но новата суперкрос сезона е пред нас а со неа и неизбежните паѓања на возачите при што кацигите се допираат со подлогата и настануваат потреси на мозокот.  Тимот на GEICO Honda 250 SX презема чекори да ги намали овие случаи, носејќи специјална кацига која вклучува систем за менаџмент на кинетичката енергија.

Произведен од 6D, нова компанија од Бри, Калифорнија, AT-1 кацигата која ќе ја носат Ели Томас, Вил Хан, Џастин Богле, Зак Бил и Зак Озборн многу личи на стандардната мото кацига составена од  тврда школка за заштита и стакло дизајнирано да апсорбира енергија при удар за да ги заштити главата и вратот од виткање.

6D-ATR-1-Helmet 005

Под школката која е составена од карбонски влакна, фиберглас и кевлар се наоѓа нешто навистина добро. Додека повеќето кациги имаат по една облога која е произведена од полиестер и која ја абсорбира енергијата, AT-1 има две облоги.  Помеѓу облогите, има еден многу специфичен механизам составен од 27 амортизери кои личат на песочни часовници а кои служат како суспензија за главата на возачот, додека во исто време создаваат мал простор (6 мм.) за движење на воздухот. Амортизерите, кои создаваат голем отпор при компресија, исто така и овозможуваат на облогата да се растега во повеќе правци во шлемот со што се подобруваат перформансите при удар и се намалуваат повредите на мозокот.

Од 6D велат дека „omni“ навигациониот систем го штити мозокот подобро од традиционалните кациги кој имаат покрута школка и покрута облога од полиестер. Иако мулту полиестерните облоги помагаат кај традиционалните кациги, тестовите покажуваат дека AT-1 со ODS се многу поефикасни при апсорбирање на удари кои типично доведуваат до потрес на мозокот кај моторциклистите.

6D-ATR-1-Helmet 004

Ќе зборуваме повеќе за новата AT-1 кацига во наредниот број. Засега можеме само да кажеме дека луѓето позади 6D компанијата, Боб Вебер и Роберт Рајзингер се угледни,  долгогодишни членови на мото заедницата. Што е уште поважно, овие можеби револуционерни кациги кои тежат исто како и традиционалните мото кациги и кои имаат DOT и ECE сертификати ќе бидат достапни за продажба во Фебруари. Цената ќе биде околу 750$, што ги прави можеби најскапите MX кациги воопшто произведени.

Извор: „CycleWorld

Back To Top