Јасно е дека следниот голем чекор во светот на мотоциклите ќе бидат кацигите со проширена реалност. Откако не успеа проектот на Skully, Nolan и Sony на EICMA мото шоуто претставија комплетно нов N-Com ARX концепт.

Јасно е дека следниот голем чекор во светот на мотоциклите ќе бидат кацигите со проширена реалност. Откако не успеа проектот на Skully, Nolan и Sony на EICMA мото шоуто претставија комплетно нов N-Com ARX концепт.

N-Com ARX е кацига која е изработена од страна на Nolangroup во соработка со Sony. Концептот на проширена реалност им овозможува на возачите да останат информирани за сите витални параметри без да го тргнат погледот од патот.

nolan sony collaboration over augmented reality helmet 112972 1

Во кацигата која е изработена специјално за N-Com ARX е вклучена уникатната холографска технологија на Sony во форма на оптички модел. Преку холографските оптички елементи, таа создава виртуелна слика која ќе му биде од корист на возачот.

За полесен пристап, N-Com комуникацискиот систем и оптичкиот модул на Sоny се управувани од специјално развиена смартфоун апликација. Широкиот опсег на информации кои ги обезбедува системот комбинирани со звучните индикации му овозможуваат на возачот да се концентрира на возењето наместо да гледа на мерните инструменти.

nolan sony collaboration over augmented reality helmet 1

„Ни беше задоволство да соработуваме со Nolangroup во изработката на оваа технологија. Во Sony, секогаш имаме за цел да ги надминеме очекувањата од пазарот и веруваме дека оваа технологија ќе донесе комплетно ново искуство кај возачите,“ изјави Хироши Мукава, кој е главен за развојот на оваа технологија.

Сепак, регионалниот менаџер на N-Com, Клаудио Цороло смета дека оваа технологија нема веднаш да се најде на пазарот туку таа преставува само слика за тоа што би можеле да очекуваат возачите во иднина.

nolan sony collaboration over augmented reality helmet 3

Иако оваа платформа е „open-source“,N-Com ARX нудат можност за развој на вакви апликации и се надеваат дека во иднина повеќе компании ќе бидат заинтересирани за да создадат компатабилна врска меѓу мотоциклот и кацигата.

nolan sony collaboration over augmented reality helmet 2

Back To Top