Опрема

КТМ инвестира во NUVIZ, компанијата која произведува Heads Up дисплеи

Компанијата која изработува Heads Up дисплеи, NUVIZ, само што доби стратешка инвестиција од страна на Pierer Industrie AG, компанија која стои зад КТМ, Husqvarna, WP Suspensions и уште неколку други.

Следете нè на:

 

Компанијата која изработува Heads Up дисплеи, NUVIZ, само што доби стратешка инвестиција од страна на Pierer Industrie AG, компанија која стои зад КТМ, Husqvarna, WP Suspensions и уште неколку други. Ова претставува одлична вест за NUVIZ која потекнува од Сан Диего и која се надева дека со оваа помош дисплеите ќе бидат достапни на пазарот во првата половина на 2017 година.

nuviz heads up display helmet

Компанијата досега успеа да собере 9 милиони долари, а според нашите информации, КТМ со оваа инвестиција добива и место во бордот на директори.

„Оваа стратешка инвестиција е многу важна за NUVIZ бидејќи претставува доказ за нашето лидерство во оваа технологија“, изјави Малте Лас, основач и главен стратешки директор на NUVIZ.

Веројатно објавата на BMW дека наскоро ќе пушти во продажба кацига со слична технологија ги поттикна во Pierer Industrie да пронајдат компанија која се занимава со изработна на ваква технологија со цел да бидат конкурентни на своите германски ривали.

Ова исто така ќе им даде предност и на КТМ и Husqvarna бидејќи ќе бидат меѓу првите мотоциклистички компании кои ќе користат ваква технологија.

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.