Опрема

iHelmet: Една поинаква кацига

iHelmet содржи многу опции кои се управувани од смартфон. Меѓу нив се безбедносните карактеристики, како што е светлото на кацигата.

Следете нè на:

 

Минатиот месец пишувавме за плановите за соработка меѓу Bell и 360fly. Тие планираат да изработат кацига која ќе има вметната камера, a која  во исто време ќе биде и дополнителна заштита. Но сепак, не сите иновации се случуваат во лабораторијата за истражување и развој.

iHelmet е повеќе насочена кон удобноста и безбедноста на возачот отколку до снимките од вашето возење. Изработена е од Ганинду Нанајакара, млад инжињер од Шри Ланка. Тој доби 500.000 долари награда за освоено второ место на  „Verizon Powerful Answers“ наградите, а исто така беше одбран и да биде учесник и на „Global Solutions“ програмата на универзитетот „Singularity “ кој е спонзориран од Google.

ihelmetiHelmet содржи многу опции кои се управувани од смартфон

iHelmet содржи многу опции кои се управувани од смартфон. Меѓу нив се безбедносните карактеристики, како што е светлото на кацигата. Некои од додатоците се повеќе корисни за градови како што е Пекинг. На пример, кога е премногу лош квалитетот на воздухот, почнува да трепка светлото за предупредување. Поголем дел од мотоциклистите живеат во Азија, па затоа овој додаток има логика.  Цената на овој производ? Малку повеќе од 100 долари. Но сепак таа се уште е недостижна за поголем дел од возачите во Азија.

Во видеото подолу ќе можете да видите како функционира iHelmet како и објаснувањето на Нанајакара.

Сеуште има работи кои треба да се испеглаат, како што се големината на уредот и евентуалните последици од судар, но одлично е да се види дека иновациите пристигаат од секакви профили на луѓе, од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!