Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

За производството на последниот член на DIABLO фамилијата беше употребена најновата технологија. Пневматикот содржи неколку соединенија, три на задното и две на предното тркало. Нивната цел е да обезбедат комбинација на најдобри перформанси и разновидност.

Користејќи го искуството стекнато во текот на изминатите 15 години како официјален снабдувач со пневматици во MotoGP, Pireli сега ги искомбинира најдобрите технологии од тркачките патеки и улиците со цел да го создаде  DIABLO ROSSO™ CORSA II.

diablo rosso corsa II 9

Од претставувањето на оригиналниот DIABLO ROSSO™ CORSA во 2010 година, бројот на вртежи и моќноста кај мотоциклите значително се зголеми, а воведувањето на софистицираниот систем за контрола на тракцијата како и ABS сопирачките овозможија овие подобрувања да бидат искористени од страна на поголем број на возачи. Токму поради оваа причина, Pireli го дизајнираа DIABLO ROSSO™ CORSA II, зголемувајќи ја притоа стабилноста при вртење и сопирање, а исто така подобрена е стабилноста и при излегување од свиок.

Конечниот резултат е пневматик кој обезбедува чувство на самодоверба при возење на сите временски услови обезбедувајќи приотоа подобри перформанси и поголема издржливост.

DIABLO ROSSO™ CORSA II  е првиот пневматик на Pireli кој има неколку соединенија. Кај предниот пневматик, две соединенија се аплицирани на три зони додека пак кај задната гума, три соединенија се аплицирани на пет зони. Целта на ова е да се обезбеди идеална комбинација за модерните возачи.

compound layout

Иновативни профили, нова структура која потенува од тркањето како и новиот дизајн на шарата го прават овој пневматик најдобар избор за возачите кои сакаат одлична улична гума која исто така може да се вози и на тркачка патека. Како ексклузивен снабдувач со пневматици во Супербајк шампионатот уште од сезоната 2004, една од главните цели на Pireli е да создаде гуми кои одлично функционираат кај сите мотоцикли.

DIABLO ROSSO™ CORSA II е наменет за мотоцикли со среден опсег кои се добри и на улица, а не само на тркачка патека. Тие сакаат гума која брзо се загрева, која е агилна, има конзистентни перформанси и која е подготвена за секојдневните предизвици. Pireli сега успеа тркачкиот пневматик да го прилагоди за возење по улица.

DIABLO ROSSO™ CORSA II  ќе биде достапен од почетокот на јануари 2018 година. За повеќе информации можете да се обратите кај увозникот на Пирели за Македонија, СкајМото.

Back To Top