24
Чет, Авг
Опрема

Авантуристичките модели на BMW добија 6.5 инчен TFT дисплеј

BMW има чест да ви го претстави новиот систем за поврзување за своите мотоцикли кој има високо квалитентен 6.5 инчен дисплеј. Тој нуди брзи и сигурни информации и нема да ви пречи додека возите.

Следете нè на:

 

BMW има чест да ви го претстави новиот систем за поврзување за своите мотоцикли кој има високо квалитентен 6.5 инчен дисплеј. Тој нуди брзи и сигурни информации и нема да ви пречи додека возите.

Возачот може да управува со поголем дел од функциите преку додатокот кој е монтиран на рачките на мотоциклот. На новиот TFT дисплеј, покрај тоа што ќе можете да ги гледате стандардните работи, како што се брзината на возење и бројот на вртежи, сега ќе имате уште неколку други опции.

bmw motorrad shows new connectivity 65 inch tft display 12

Системот е компатабилен со паметните телефони кои може да се поврзат со него и со тоа да добиете уште повеќе функции. Апликацијата на BMW Motorrad исто така нуди и уште неколку други додатоци како што се снимање на правците на возење или пак може да ви обезбеди дополнителна статистика и информации.

bmw motorrad shows new connectivity 65 inch tft display 3

За возачите кои имаат поголеми барања, се уште се препорачува функцијата BMW Motorrad навигатор бидејќи обезбедува посебно оптимизирана навигација за мотоцикли. Навигаторот исто така може да се управува преку додатокот монтиран на рачките.

bmw motorrad shows new connectivity 65 inch tft display 4

Новиот TFT дисплеј ви овозможува брз и лесен пристап до сите информации поврзани со мотоциклот. На овој начин возачот ќе може да го провери притисокот на гумите без да му се одвлече вниманието од сообраќајот. А системот не само што ќе ви каже колку изнесува притисокот на гумите туку и ќе ви каже колкав треба да биде притисокот во зависност од местото каде што возите.

bmw motorrad shows new connectivity 65 inch tft display 10

Овој додаток ќе биде претставен на есен 2017 година и ќе го има кај BMW R 1200 GS и R 1200 GS Adventure. Од компанијата велат дека во иднина тој ќе се најде и кај уште некои други модели. Засега се уште не е познато која ќе биде неговата цена.

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!