motori agv-pre-order-agv-pistagp7AGV PistaGP е кацигата на Валентино Роси која на пазарот ќе се појави во Февруари 2013, а ќе може да се купи за цена од 980€. Што е толку посебно во кацигата? Прочитајте во продолжение.

agv-pre-order-agv-pistagp 7

AGV PistaGP е кацигата на Валентино Роси која на пазарот ќе се појави во Февруари 2013, а ќе може да се купи за цена од 980€. Што е толку посебно во кацигата? Се работи за најнова технологија во изработката на кациги, проект кој е започнат во 2009-та, и по цели три години истражување и развој конечно имаме прилика да ја видиме на главата на Валентино Роси.

Со помош на детално скенирање на главите на повеќе субјекти (помеѓу кои и Роси) направени се калапи за кацигата според кои секој број ќе „лежи“ подобро на главата. Со самото тоа зголемен е комфортот на внатрешноста, но многу внимание е посветено и на аеродинамиката како и на бучноста на кацигата. Бидејќи се работи за тркачка кацига зголемено е и видното поле кое овозможува поголема прегледност при навалена позиција на возачот, како и при нормално возење.

Во AGV посветија голем дел од истражувањето на самата заштитна обвивка, како резултат на тоа, сега при директен удар Г-силата која се пренесува на главата е намалена за цели 36%. Ризикот од траума при удар кој е дефиниран со строги критериуми сега е намален за неверојатни 48%. Дополнително на сето ова зголемена е аеродинамиката и намалена е бучноста, па можеме слободно да кажеме дека AGV со овој модел станува сериозен конкурент на Shoei, Arai, Caberg... 

Back To Top