28
Сре, Јун
Опрема

AGV Pista GP Rossi Replica: Најнапредната кацига што е некогаш произведена

AGV Pista GP, новата кацигата дизајнирана од Валентино Роси е невидено лесна (1250гр.), невидено скапа (1000 евра), и има голема вентилација на воздухот (193 % повеќе од GP-Tech).

Следете нè на:

 

rossi-agv-pista-prezentacijaВалентино Роси минатата година официјално ја презентираше новата кацига на AGV

AGV Pista GP, новата кацигата дизајнирана од Валентино Роси е невидено лесна (1250гр.), невидено скапа (1000 евра), и има голема вентилација на воздухот (193% повеќе од GP-Tech).  

Досега ја имаме видено само основната верзија но еве ја и во боите на Валентино Роси.  Од сега, оние кои имаат повеќе пари можат и да ја нарачаат преку сајтот на AGV.

Pista или AGV Pista GP, ќе биде предводник на новите AVG кациги, а можеби и најдобрата тркачка кацига на пазарот.

За помпезноста која се шири околу кацигата говори и фактот дека само 100 примероци од кацигата ќе бидат пуштени во продажба во Велика Британија во 2013 година.

Нејзините предности не се само во изгледот и тежината туку и во безбедноста. „Pista“, наводно абсорбира 46 % повеќе енергија при удар отколку најдобрата кацига на AGV, GP-Tech.

Еве ги разликите помеѓу новата Pista GP  кацига и претходната GP-Tech кацига:

  • 1250 грама е тежината на Pista GP во соредба со 1560 грама на GP-Tech
  • Поголемо струење на воздухот за 193%
  • Помало движење на визирот за 71%
  • Шансите за повреди на главата помали за 48%
  • За 44% е намален товарот кој го создава
  • 36% помалку пренос на гравитациската сила на главата
  • 15% повеќе поглед нагоре
  • 9% поголем визир
  • 6% помал страничен дел
  • 3% помал преден дел 

Во AGV користеле ласери за да ја скенираат главата на Валентино Роси. Користејќи го 3D моделот, ја креираle кацигата почнувајќи од ткаенината, потоа заштитната пена од полиестер и на крај надворешната школка која е составена од карбон. Со тежина од  1250 грама таа е слична во тежина на NEXX XR1R но е значително полесна од GP-Tech чија замена треба да биде. Дизајнот беше тестиран во воздушен тунел, каде помина 28 часа. Школката составена од карбон  ја има во четири големини. Исто така  има и четири места на кои може да се прилагоди навлаката која може да се извади и измие.  Има четири отвори за примање воздух (навистина тркачка кацига) и два издувни отвори, но има и пластични капаци во случај на лошо време. Визирот е неверојатно дебел 3,3 милиметри   (повеќе од 1 мм подебел од оној на XR1R), а има и систем за заштита како кај HJC RPS-10 за да се намали ризикот од случајно отварање.

„Оваа кацига е во чест на Џино Амисано, претприемач на кого му се восхитував поради неговата способност да креира, рекордите кои ги постави и неговиот натпреварувачки дух со кој се соочуваше со сите предизвици. Новата кацига е дел од AGV стандард пректот, кој, во согласност со квалитетите утврдени од Амисино, го револуционираа начинот на кој се дизајнираат кацигите, поставувајќи нови стандарди на заштита кои се јасно видливи“ изјави Лино Даинесе.

Какво е мислењето на Роси? „Одлична аеродинамика, имам чувство дека воопшто не носам кацига. Одлична вентилација, навистина лесно се забележува тоа. Одлична видливост, како од гледање филм на телевизија да се префрлите во кино.“

 

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!