Утринава несреќата на Баз го прекина тестот во Сепанг
Лорис Баз остана неповреден по несреќата што ја доживеа при брзина од 290 км/ч на вториот ден од тестирањата во Сепанг
Вториот ден од тестирањето во Сепанг е во прекин повеќе од еден час со цел да се утврди причината за несреќата на Лорис Баз. Французинот успеа да остане неповреден по несреќата што ја дожиеа возејќи со 290 км/ч.
Тестовите се во прекин се додека не се утврди причината за несреќата. Моторот, брзините, суспензијата и пневматиците се можни причинители, но бидејќи поголем дел мотоциклот е уништен, нема да биде лесно да се открие вистинската причина.
Инцидентот се случи после само 40 минути тестирање. До тој момент, возачот на Pramac Данило Петручи имаше најдобро време. Кејси Стонер, кој имаше прв настап заедно со MotoGP возачите по неговото пензионирање во 2012 година, беше на десетото место.
Подоцна во текот на денот ќе ги објавиме целосните резултати од вториот ден тестирање на Сепанг, на вчерашниот прв ден најдобар резултат имаше Хорхе Лоренцо на Јамаха.
Надополнување: MotoGP тестовите продолжија на пладне. Michelin го повлекоа од употреба мекиот пневматик поради претпазливост. Возачите сега ќе ги користат само тврдите пневматици. Исто така и притисокот на пневматиците сега е малку повисок. Според новите информации, причина за несреќата е пукањето на задната гума.