06
Вто, Дек
7 нови содржини
MK мотоциклисти на меѓународни трки

ИЕШ: Започнува сезоната за шампионатот во брзински мотоциклизам

Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе биде претставувана од 5 возачи во 2 класи. Во класата до 125цм3 (SP Junior) ќе настапуваат Аргетим Рамадани (МК Мотори), Христијан Бузалковски (МК Мотори) и Марин Сугарев (МК Мото Велес). Во класата до 600цм3 (SBKS600) ќе настапат Игор Спиров - Зизи (МК Гого) и Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).

Следете нè на:

 

Македонските натпреварувачи во ИЕШ во 2014 година

Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам започнува викендов со првите трки кои се возат на патеката Серес во Грција. Според календарот предвидени се вкупно 7 трки, а првите две ќе се возат една по друга, на 18 и 19-ти април. Потоа натпреварувачите ќе возат во Србија на патеката Батајница која се враќа во календарот, по што следуваат две трки на Плевен во Бугарија. Во календарот за 2015 предвидено е да се вози трка и на новата патека во Романија, а шампионатот ќе заврши со последната трка во Плевен.

Календар на трки во ИЕШ (брзински мотоциклизам)
# Датум Патека Земја
Рунда 1 18 април 2015 Серес Грција
Рунда 2 19 април 2015 Серес Грција
Рунда 3 07 јуни 2015 Батајница Србија
Рунда 4 14 јуни 2015 Плевен Бугарија
Рунда 5 12 јули 2015 Плевен Бугарија
Рунда 6 23 август 2015 / Романија
Рунда 7 20 септември 2015 Плевен Бугарија

Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе биде претставувана од 5 возачи во 2 класи. Во класата до 125цм3 (SP Junior) ќе настапуваат Аргетим Рамадани (МК Мотори), Христијан Бузалковски (МК Мотори) и Марин Сугарев (МК Мото Велес). Во класата до 600цм3 (SBKS600) ќе настапат Игор Спиров - Зизи (МК Гого) и Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото). За жал во класата до 1000цм3 нема да имаме претставник иако се шпекулираше дека Сашо Николов - Тумац повторно ќе го видиме на патеката.

Во класата „SP Junior“ минатата година Аргетим Рамадани го освои третото место во генералниот пласман, тој истакна дека годинава ќе атакува на првата позиција иако тоа нема да биде лесна задача. Во истата класа за прв пат на Источно Европскиот шампионат ќе имаме прилика да го гледаме и Христијан Бузалковски - Бузо, кој ќе се обиде на секој начин да го истакне својот потенцијал. Секако тука е и возачот на МК Мото Велес, повратникот во оваа класа Марин Сугарев кој веќе има забележителни резултати во овој шампионат и доволно искуство за самиот да се замеша во борбата за челните позиции. Не очекува навистина голема борба во оваа класа, се надеваме на одличен настап на нашите натпреварувачи и можеби конечно ќе видиме подиум на меѓународна трка исполнет со македонски знамиња.

Во класата „SBKS600“ Игор Спиров - Зизи ќе се обиде да го забележи најдобриот резултат до сега. Тој минатата година беше петти, во шампионат во кој се возеа само три трки на патеката Плевен во Бугарија, за годинава очекувањата се поголеми и се надеваме дека ќе го видиме на пиедесталот. Во оваа класа ќе имаме прилика да го следиме и Слободан Ивчески - Цобо кој е долгогодишен учесник во мото трките. Тој минатата сезона се натпреваруваше во Супермото, а последен пат на патеката за брзински мотоциклизам го забележавме во 2013 во класата SBKS1000. Искуството е на негова страна, мотоциклот е подготвен, па се надеваме дека ќе имаме прилика да се радуваме и на неговите успеси.

Момци среќно!

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!