06
Вто, Дек
7 нови содржини
MK мотоциклисти на меѓународни трки

Успешен старт на сезоната за нашите кросисти во ИЕШ

Викендов на патеката Јаница во соседна Грција се возеше првата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, а во најсилната класа МХ1 нашиот Христијан Илиоски го освои третото место.

Следете нè на:

 

kiko 3 janicaТрето место за Кико во првата рунда од сезоната

Викендов на патеката Јаница во соседна Грција се возеше првата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, а во најсилната класа МХ1 нашиот Христијан Илиоски го освои третото место.

Илиоски возеше со ланскиот мотор, без соодветна подготовка и со многу проблеми но сепак успеа да дојде до две трети места на трките и со тоа на крајот да се искачи на пиедесталот. Во првата трка конкуренцијата на Илиоски имаше одличен старт заради јачината на моторите па беше невозможно тој да ги стигне до крајот на трката која се возеше по каллива подлога. Во втората трка иако имаше послаб старт Илиоски до крајот успеа да помине повеќе возачи и да дојде до втората позиција, но за жал на 2 круга пред крајот неговиот мотор едноставно изгасна па тој мораше да се задоволи со третата позиција и во оваа трка.

10956033 816116538468986 5102091954052343797 nДругарите на Илиоски прашуваат, до кога вака?

Во истата класа настапи и нашиот Гоце Томовски. Тој имаше фантастичен старт на двете трки избивајќи на првата позиција но лошата патека и недоволниот тренинг си го направи своето па на крајот финишираше на седмата позиција.

 tomovski mx1 janicaТомовски со фантастичен старт, на двете трки првата позиција по стартот беше резервирана за него

Во класата МХ2 Јуниот Адријан Ристевски се пласираше на 12-та позиција, а Ангел Ристов го прокнижи првиот бод за себе на ИЕШ. Во бодувањето за МХ2 класата Ристевски ги забележа првите три бода. Ова беше одличен настап на нашите млади возачи кои за прв пат во оваа класа без соодветни подготовки успеаа да донесат бодови за МФМ.

adrijan mx2 janicaБодови за Андријан во класите МХ2 и МХ2 Јуниор

Во класата МХ претставникот на МФМ од Грција Петрос Танусис имаше одличен настап, тој постојано беше во предниот дел од колоната и се обидуваше да се избори за повисоко место, а на крајот Танусис заврши како шестопласиран. Во оваа класа својот прв настап го имаа и Јован Стојков, Васко Киров и Саше Трајков кои иако не прокнижија бодови сепак собраа големо искуство за следниот настап.

borce mx3 janicaКостов со 30 бода на своето конто по првата рунда од ИЕШ во мотокрос

Забележителен настап имаа и нашите претставници во MXV класата во која силите си ги одмерија Борче Костов и Мирче Ќорнаков. На крајот од рундата тие се со ист број бодови (по 30) на 5-та и 6-та позиција. Во однос на бодовното салдо ова е долично за Костов кој има намера да го вози целиот шампионат и да го повтори успехот од минатата година кога на крајот беше третопласиран.

mxv janicaВо класите MX и MXV имаше најмногу учесници

Во класите МХ65 и МХ85 кои се бодуваа за Европскиот мотокрос шампиона Македонија немаше свои претставници.

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!