11
Нед, Дек
4 нови содржини
MK мотоциклисти на меѓународни трки

Викендов македонските кросисти го започнуваат походот на ИЕШ

Македонската мотокрос експедиција на 5-ти април на патеката Јаница во Грција го започнува натпреварувањето во Источно Европскиот шампионат во мотокрос.

Следете нè на:

 

motori ies motokrosМакедонските кросисти викендов започнуваат со трките од ИЕШ

Македонската мотокрос експедиција на 5-ти април на патеката Јаница во Грција го започнува натпреварувањето во Источно Европскиот шампионат во мотокрос.

Сите очи се вперени кон нај успешните тркачи за 2014 од Македонија Христијан Илиоски - Кико кој го освои второто место во класата МХ1 како и Борче Костов - Жолт, кој финишираше на третото место во класата МХ Ветерани, но МФМ ќе има и неколку други свои претставници. Учество во целиот шампионат кој се состои од 7 рунди (по 2 трки во секоја) се очекува и од Гоце Томовски, Адријан Ристевски, Петрос Танусис, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Ангел Ристов, Никола Дабич и Саше Трајков. Христијан Станкович кој минатата година го најави своето учество за жал заради повреда ќе мора да паузира до септември.

Според новиот календар за мотокрос во 2015 година ќе се одржат седум рунди (по две трки) за разлика од минатата година кога на календарот се појавија дури 12 рунди. Она што е веднаш воочливо е иземањето на Романија од календарот по настаните кои се случија минатата година, а недостасува и втората трка во Македонија, онаа во Прилеп.

МОТОКРОС
# Датум Патека Земја
Рунда 1 05 април 2015 Јаница Грција
Рунда 2 12 април 2015 Гевгелија Македонија
Рунда 3 26 април 2015 Крешево Босна и Херцеговина
Рунда 4 14 јуни 2015 Глобаре Србија
Рунда 5 28 јуни 2015 Самоков Бугарија
Рунда 6 30 август 2015 Тројан Бугарија
Рунда 7 04 октомври 2015 Бурса Турција

borce zoltБорче Костов продолжува во свој стил

Борче Костов - Жолт ќе биде наш претставник во класата МХ3 (Ветерани), тој за 2015 се поднови со нов мотоцикл, но го промени и клубот за кој ќе настапува од оправдани причини. Жолтиот новата сезона ќе ја започне со Kawasaki KX 250 од 2015 како возач на МК Ноќни Волци. Иако како што вели и самиот на мотоциклот има уште доста работи кои треба да се променат, убаво е што ќе се трка со мотор кој е прогласен за најдобар оваа година. „Стартот на сезоната е тежок, за разлика од конкуренцијата од Бугарија и Грција ние сме без подготовки па и не очекуваме којзнае каков резултат во Грција. Сепак сезоната е долга и се надеваме дека ќе биде се во ред. Минатата година го освоив третото место без помош од државата, а трошоците за секоја трка се огромни, почнувајќи од превоз на моторот, престој, сервис, гуми... на крајот имав помош единствено од Ленин Јовановски за чиј клуб и ќе возам во новата сезона, а спонзори се секогаш добредојдени па доколку има некој кој ќе сака да ме помогне ќе бидам крајно благодарен“ - изјави Костов.

Во класата МХ3 се очекува настап и на Петрос Танусис кој иако е од Грција на ИЕШ повторно ќе настапи со лиценца од МФМ.

andrian ristevskiАндриан Ристевски со својот претходен мотор на патеката Хајраболу во Турција

Андриан Ристевски ќе биде наш претставник во класата МХ2 (МХ2 Јуниор), за таа цел тој купи нов мотоцикл Хонда, а за успех ќе го смета пласманот во првите 10. Имајќи во предвид дека за него ова е нова класа и конкуренцијата е навистина голема со далеку по големо искуство се надеваме дека до крајот на шампионатот тој ќе се избори за пласманот кој го предвидува.

Во класата МХ1 Македонија ќе ја претставуваат Христијан Илиоски - Кико и Гоце Томовски.

hristijan ilioski kikoИлиоски ќе атакува на првата позиција во МХ1

Христијан Илиоски - Кико минатата сезона ја заврши на втората позиција во Источно Европскиот шампионат, огромен успех за македонскиот мотокрос за кој се надеваме дека годинава ќе биде надминат и дека новиот шампион во најсилната класа МХ1 ќе биде токму Кико. Повеќе за неговите планови за претстојната сезона ќе можете да прочитате во интервјуто кое ќе биде објавено на мотори.ком.мк во текот на утрешниот ден.

goce tomovskiГоце Томовски на тренинг на патеката Милци во Гевгелија

Гоце Томовски најави дека сигурно ќе го видиме во Јаница, за понатамошниот тек на шампионатот ќе зависи од повеќе фактори, или како што изјави и самиот: „Да почнеме трка по трка па ќе видиме“. Се надеваме дека ќе имаме прилика да го следиме Гоце на повеќе од една-две трки, сакаме да следиме повеќе наши натпреварувачи во најсилната класа.

Да не се залажуваме, далеку од тоа дека во Грција нашите ги очекува лесна трка, додека останатите возачи и тимови имаат солидни подготовки, нашите едвај крпат крај со крај. Финансиите како и до сега се главниот проблем па честопати иако располагаме со фантастично добри возачи не го добиваме заслуженото место на пиедесталот.

Како што веќе пишавме, на трката во Грција викендов ќе се појават 9 македонски возачи: Гоце Томовски, Христијан Илиоски, Борче Костов, Петрос Танусис, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Ангел Ристов, Никола Дабич и Саше Трајков, нивното учество во понатамошниот тек од шампионатот ќе зависи пред се од финансиските можности, па затоа апелираме до сите компании кои се во можност да ги помогнат нашите натпреварувачи да го сторат тоа, спонзорството колку и да се чини мало за нашите возачи значи многу.

Момци среќно!

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!