11
Нед, Дек
4 нови содржини
MK мотоциклисти на меѓународни трки

Мотокрос: Успешен настап на нашите претставници во Србија

Викендов на патеката Глобаре во Србија се возеа трки од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос нa кој учествуваа пет натпреварувачи со македонски лиценци. Нај успешен од нив беше Христијан Илиоски - Кико, кој во најсилната класа го освои третото место и повторно со пехар се врати во Македонија.

Следете нè на:

 

kiko-goce-globareГоце Томовски (#777) и Христијан Илиоски (#90) на патеката Глобаре во Србија

Викендов на патеката Глобаре во Србија се возеа трки од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос нa кој учествуваа пет натпреварувачи со македонски лиценци. Нај успешен од нив беше Христијан Илиоски - Кико, кој во најсилната класа го освои третото место и повторно со пехар се врати во Македонија.

На трката која викендов се возеше во Голобаре, Србија, МФМ имаше 5 претставници: Христијан Илиоски и Гоце Томовски во класата МХ1, Црногорецот Виктор Иванович (кој вози со наша лиценца) во класата МХ2 и во класата МХ (MX Ветерани) Борче Костов и Гркот Петрос Танусис.

borce-globareИсточно-Европскиот шампионат во мотокрос овој викенд не однесе на патеката Глобаре во Србија на која учествуваа пет наши натпреварувачи. Во класата МХ Ветерани го следевме Борче Костов кој настапува на сите трки од почетокот на шампионатот до сега. Тој на рундата во Србија забележа две шести места кои беа доволни за нови 30 бодови на неговото конто. Во класата МХ го следевме и Петрос Танусис, Грк кој настапи и на првата трка од шампионатот во Серес со наша лиценца, а на трките во Србија забележа две седми места во вкупен пласман, односно трето и петто место во MX.

Во класата МХ2 МФМ имаше само еден претставник, Црногорецот Виктор Иванович кој за жал не успеа да финишира на двете трки па со извозени 7 круга на првата трка и 8 на втората успеа да се пласира како 17-ти и 15-ти.

Најсилната класа повторно беше најинтересна, нашиот Илиоски пристигна во Глобаре со цел да ја намали разликата во генералниот пласман од водечкиот Радута, но и да ја зголеми во однос на третопласираниот Тотев. Глобаре се покажа како техничка патека на која и жештината си го зеде данокот, но во секој случај подготвеноста на тимовите како и мотоциклите беше пресудна. Така на првата трка во МХ1 Илиоски возеше рамо до рамо со Хрватот Хрвоје Карас но за жал до крајот на првата трка не успеа да го помине и мораше да се задоволи со второтo место. Гоце Томовски на првата трка беше 10-ти, а на втората 9-ти со што прокнижа 23 нови бодови на своето конто во Источно-Европскиот шампионат.

Стартот на втората трка во МХ1 беше проблематичен за Илиоски кој по првиот свиок беше петти, но до крајот успеа машки да се избори за третата позиција, и вкупно на крајот од денот да биде со исти бодови како Адријан Радута кој заврши како второпласиран. Заради подобриот учинок на Романецот на втората трка Кико мораше да се задоволи со пехарот за трето место, но ова е огромен успех за Илиоски ако се има во педвид дека од почетокот на сезоната до сега од сите трки се враќа со пехари.

kiko-radutaИлиоски и Радута на доделувањето на пехарите

Во генералниот пласман Илиоски е на втората позиција со 191 бод, на првото место е Адријан Радута (Романија) со 209, а зад Кико е Тодор Тотев (Бугарија) со 175 бода.

Борче Костов во класата МХ е на осмата позиција, додека пак во класата МХ Ветерани тој ја држи втората позиција во конкуренција од 29 возачи колку што досега се појавиле на трките од почетокот на сезоната.

Следната трка од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос се вози на 30-31 август на патеката Самоков во Бугарија.

 

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!