„Claiming rule“ на MotoGP наскоро ќе се најде во книгите по историја. На следниот состанок на Гран При комисијата во Барселона, ќе биде доставен предлог за да се напушти ова правило.

hector-barbera-yonny-hernandez-cota-motogp-jensen-beeler

„Claiming rule“ на MotoGP наскоро ќе се најде во книгите по историја. На следниот состанок на Гран При комисијата во Барселона, ќе биде доставен предлог за да се напушти ова правило.

Со новите разлики помеѓу MSMA членови и екипите кои не се дел од MSMA, потребата за потврдување на сопственост на моторот престана да постои. Непостоењето на „claiming rule“, отвара можност за издавање на моторите на Yamaha на приватни тимови, без страв тие мотори подоцна да бидат присвоени од други фабрики.

The „claiming rule“ започна да се применува од 2012 година, за да се зголеми бројот на мотоцикли. На крајот на 2011 година, со откажувањето на Suzuki и намалувањето на сателитските тимови на Honda и Ducati, само 13 или 14 мотоцикли останаа во MotoGP.

Враќањето назад на моторите од 1000cc значеше дека широк спектар на мотори беше достапен на приватните тимови. За да можат тие да се натпреваруваат со фабричките тимови им беше дозволено екстра гориво (24 литри наместо 21 литар) и двојно зголемување на бројот на мотори (од 6 на 12)

За да се спречи искористувањето на оваа дупка во законот од страна на новите тимови, членовите на MSMA- фабриките кои се вклучени во MotoGP- го задржаа правото на сопственост на моторите на тие тимови. Оттука доаѓа и името Claiming Rule Team или CRT.

Новите правила предложени за 2014 година го прават „claiming rule“ непотребен. Со воведувањето на spec-ECU хардверот, тимовите сега имаат избор или да работат на сопствен ECU софтвер и да го прифатат ограничувањето од 20 литра гориво и можност да користат само 5 мотори, или да го користат софтверот обезбеден од страна на Дорна и да им бидат доделени 24 литра гориво и 12 мотори.

Од изборот зависи дали ќе бидат сметани како членови на MSMA- фабрички или сателитски тимови, или не-MSMA членови, овозможувајќи им повеќе гориво на вторите. Сите се оценувани од страна на IRTA и Гранд При комисијата, а GPC го има последниот збор за тоа дали ќе им се дозволи влез како MSMA или не-MSMA.

Се верува дека сите членови на GPC стојат зад предлогот и се очекува тој да биде прифатен.

Откажувањето на „claiming rule“ особено ќе и одговара на Yamaha. Нивниот предлог за зголемување на бројот на мотоцикли - изнајмување на сателитски мотори на приватни тимови, кои треба да бидат вметнати во шасија изработена од страна на FTR или Kalex-остави можност нивните мотори да бидат превземени од  други фабрики.

Враќањето на Suzuki во MotoGP во 2014 година и нивната можност да го испитаат моторот на Yamaha, ќе обезбеди интересна лекција.

Џентлменскиот договор помеѓу постоечките фабрики значи дека ниту еден тим никогаш нема  да тврди дека некој мотор е во негова сопственост, договор кој ќе го почитуваше и тимот на Suzuki. Но со отстранувањето на тоа правило и таа можност исчезнува, доколку Suzuki или друг производител некогаш го променат своето мислење.

Откажувањето од „claiming rule“ не значи и крај на CRT. Се чини дека FTR Kawasaki ќе продолжат да се натпреваруваат во 2014, додека пак Aspar ќе продолжи да се натпреварува со ART машини на Aprilia.

Тие тимови ќе прекинат официјално да се нарекуваат CRT. Тимовите кои ќе го користат производствениот мотор на Honda или ќе изнајмуваат M1 мотор од Yamaha во FTR шасија, исто така ќе бидат не-MSMA членови, исто како и поранешните CRT тимови. Постоечките фабрички и сателитски тимови ќе станат MSMA членови.

Во целина и понатаму ќе постојат две класи за членство во MotoGP: MSMA и не-MSMA. Одлучувачки фактор помеѓу овие два типа на влез ќе биде изборот дали да се користи софтверот на Дорна или да се развива сопствен софтвер.

Таа одлука ќе влијае и на тоа колку гориво ќе им биде дозволено и колку мотори ќе можат да користат во текот на годината. Со оглед на тоа дека софтверот има централна улога во модерното MotoGP натпреварување, тоа е многу подобра рационална и логичка поделба отколку според поранешниот критериум.

Back To Top