MotoGP

Заврши тестот на Филип Ајленд, Вињалес најбрз

Пред сезонското тестирање на Филип Ајленд заврши со денешната последна сесија на која најбрз беше Марк Маркез.

Следете нè на:

 

Почетокот на денешната сесија го одбележа сувото време па затоа и возачите имаа прилика да возат кругови во рамките на 1.29, но падот на Тито Рабат ја прекина сесијата по само еден час. 

markez faМаркез со најдобро време на последниот ден на Филип Ајленд

Паралелно со него пад доживеа и Џек Милер, а откако сесијата беше продолжена надвор од патеката ги видовме и Пол и Алеш Еспергаро, за среќа сите возачи поминаа без повреди.

Дождот се појави на средина од денот, па возачите повторно се повлекоа во боксовите се до 15:45 по локално време (сесијата трае од 9:45 до 17:45). По враќањето на патеката видовме уште неколку падови но нај сериозен беше оној на Данило Петручи во свиокот број 8 по кој Италијанецот се здоби со фрактура на десната рака.

Иако денеска најдобро време имаше Марк Маркез, тестирањето на Филип Ајленд го одбележа возачот на Сузуки тимот, Маверик Вињалес кој со време од 1m 29.131s поставено во текот на вчерашниот ден ќе биде заведен како најбрз на вториот пред сезонски тест. 

По тестот тимовите ќе отпатуваат за Катар каде на патеката Лосаил ќе се одржи третиот пред сезонски тест во периодот 2-4 март. Сезоната започнува со трката во Катар на 20-ти март.

1. = Marc Marquez ESP Repsol Honda Team (RC213V)1m 29.158s [Lap 48/64]
2. = Maverick Viñales ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)1m 29.299s +0.141s[11/39]
3. ˄ Cal Crutchlow GBR LCR Honda (RC213V)1m 29.348s +0.190s[58/58]
4. ˅ Hector Barbera ESP Avintia Racing (Desmosedici GP14.2)1m 29.361s +0.203s[57/65]
5. ˅ Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1)1m 29.435s +0.277s[43/56]
6. ˅ Loris Baz FRA Avintia Racing (Desmosedici GP14.2)1m 29.583s +0.425s[11/54]
7. ˅ Dani Pedrosa ESP Repsol Honda Team (RC213V)1m 29.606s +0.448s[37/42]
8. ˄ Pol Espargaro ESP Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)1m 29.718s +0.560s[43/44]
9. ˅ Jorge Lorenzo ESP Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1)1m 29.760s +0.602s[16/41]
10. ˅ Andrea Dovizioso ITA Ducati Team (Desmosedici GP16)1m 29.860s +0.702s[49/65]
11. ˄ Scott Redding GBR Octo Pramac Yakhnich (Desmosedici GP15)1m 29.922s +0.764s[57/61]
12. ˅ Andrea Iannone ITA Ducati Team (Desmosedici GP16)1m 29.932s +0.774s[39/53]
13. ˅ Danilo Petrucci ITA Octo Pramac Yakhnich (Desmosedici GP15)1m 29.995s +0.837s[53/57]
14. ˅ Jack Miller AUS Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V)1m 30.023s +0.865s[37/37]
15. ˄ Tito Rabat ESP Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V)*1m 30.119s +0.961s[56/56]
16. = Bradley Smith GBR Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)1m 30.188s +1.030s[43/45]
17. ˅ Aleix Espargaro ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)1m 30.198s +1.040s[34/38]
18. = Yonny Hernandez COL Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP14.2)1m 30.492s +1.334s[48/54]
19. = Eugene Laverty IRL Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP14.2)1m 31.055s +1.897s[25/45]
20. = Takuya Tsuda JPN Suzuki Test Rider (GSX-RR)1m 33.532s +4.374s[32/46]

comments

Би можело да ве интересира

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!