Лин Џарвис вели дека со секој поминат ден се повеќе се намалуваат шансите Хорхе Лоренцо да потпише нов договор со тимот.

Извршниот директор на Yamaha смета дека колку повеќе време му треба на Лоренцо да одлучи дали ќе остане во Јапонскиот тим или да премине во Ducati, толку повеќе се зголемуваат шансите да го напушти тимот на крајот на сезоната.

На првата трка која се оддржа во Катар, од тимот на Yamaha соопштија дека им понудиле нов две годишен договор на Валентино Роси и Хорхе Лоренцо. Роси веднаш го потпиша договорот а актуелниот светски шампион се уште не донел одлука околу својата иднина.

PA1890627.0008

Веќе се знае дека Ducati, кои веќе имаа неколку обиди да потпишат со Лоренцо во минатото, му понудија договор кој Шпанецот не може да го одбие.

Во интервју за Speedweek, Џарвис изјави дека преговорите не се во застој бидејќи Лоренцо бара повеќе пари и додаде дека со секој поминат ден се повеќе се намалуваат шансите тој да потпише нов договор.

„Би рекол дека со секој поминат ден откако му понудивме нов договор на Хорхе, се намалуваат шансите тој да остане. А веќе поминаа многу денови,“ изјави Џарвис. Џарвис потврди дека постои краен рок до кога Лоренцо ќе мора да донесе одлука но не изјави кога е тоа.

Со ова само се потврдуваат информациите дека Лоренцо веќе има договор со Дукати, само се чека погодно време за да се објави договорот во јавноста.

Back To Top