MotoGP

Yamaha призна дека Морбидели е прв избор за замена на Роси

Морбидели, кој има Бразилско и Италијанско потекло, е првиот MotoGP возач кој потекнува од познатата академија на Роси и кој би го заменил Докторот кога тој ќе одлучи да се повлече.

Следете нè на:

 

Шефовите на Yamaha MotoGP открија дека возачот кој доаѓа од познатата академија, VR46, Франко Морбидели е нивниот прв избор кога Валентино Роси ќе одлучи да го напушти тимот. Сепак, ова би важело само доколку Италијанецот следната сезона го покаже целосниот потенцијал во новиот сателитски тим, Petronas Yamaha.

morbidelli rossi

Морбидели, кој има Бразилско и Италијанско потекло, е првиот MotoGP возач кој потекнува од познатата академија на Роси. Сепак, тој имаше тежок почеток на неговата кариера во премиерната класа.

Настапувајќи со некомпетитивен Marc VDS Honda мотоцикл, негов најдобар пласман во досегашниот дел од шампионатот е деветото место. Во моментов заостанува два поени зад возачот на Yamaha, Хафиз Сиахрин, во борбата за наградата „Дебитант на годината“.

Но сега откако ќе почне да вози со мотоциклот на Yamaha за 2019 година кој има речиси фабрички спецификации, шефот на Yamaha, Лин Џарвис, вели дека сега шансите на Морбидели да биде промовиран во фабричкиот тим во 2021 година се значително поголеми, но само ако во иднина забележи добри резултати.

„Тој е актуелен Moto2 шампион што значи дека веќе има потенцијал во него. Тој е многу брз и многу сериозен. Мислам дека ќе биде дел од групата возачи кои во иднина ќе бидат лидери во шампионатот. Тој ќе има одлична можност да напредува, но следната сезона нема да има голем притисок врз него.“

„Тој има дво годишен договор со нас, а после две години истекуваат и договорите на Роси и Вињалес. Во моментов, не знаеме каква ќе биде иднината. Ќе има можности да премине во фабричкиот тим и ако има добар настап, не гледам зошто не би можело да се случи тоа.“

Со оглед на тоа дека ќе настапува со мотоцикл кој е сличен со оние на фабричките возачи, а исто така ќе има поддршка и од Маверик Вињалес и тимскиот шеф, Роман Форкадо, постои голема надеж дека 23 годишниот возач ќе го исполни својот потенцијал.

Врската на Petronas Yamaha со јуниорски тим како и обезбедувањето на мотоцикл со фабрички спецификации, претставува значително поместување од односот кој тимот досега го имаше Tech 3, чиишто возачи има многу мала шанса да напредуваат до фабрички тим и чиишто мотоцикли беа значително послаби.

Иако во моментов Yamaha гради блиски врски со Малезискиот тим, како што вели Џарвис тоа не треба да го спречи Роси да го вклучи неговиот тим во премиерната класа кога ќе се пензионира, порачувајќи притоа дека тие се подготвени да поддржат шест машини.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!