22
Саб, Јул
MotoGP

Втор тренинг на Захсенринг: Штефан Брадл најбрз, Лоренцо со тежок пад

Штефан Брадл од „LCR Honda“ тимот забележа најдобро време на вториот тренинг на патеката Захсенринг.

Следете нè на:

 

06bradl s1d9737 originalБрадл со одлично време се најде на првата позиција на вториот тренинг

Штефан Брадл од „LCR Honda“ тимот забележа најдобро време на вториот тренинг на патеката Захсенринг.

Вториот тренинг го одбележа времето на Брадл но и падот на Хорхе Лоренцо во кој шпанецот се приземји на повреденото рамо на излез од свиокот бр.10, по што остана да лежи крај патеката. Лоренцо беше однесен во болница каде по извршените прегледи е константирано дека има оштетување на титаниумската плочка па можна е уште една операција на рамото на Лоренцо. Неизвесно е дали падот ќе го попречи да настапи на трката во недела.

lor-crash-ger

По падот на Лоренцо тренингот беше кусо запрен, а откако продолжи Кал Крачлоу го доживеа вториот пад на викендот во Германија. Овојпат на свиокот бр.11 каде утрово паднаа и Андреа Довициозо и Андреа Ианон.

Карел Абрахам не настапи на тренингот заради грип и треска.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 291.5 1'22.030  
2 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 290.7 1'22.239 0.209 / 0.209
3 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 289.8 1'22.251 0.221 / 0.012
4 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 288.3 1'22.252 0.222 / 0.001
5 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 288.0 1'22.395 0.365 / 0.143
6 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 286.8 1'22.572 0.542 / 0.177
7 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 276.1 1'22.763 0.733 / 0.191
8 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 287.2 1'22.850 0.820 / 0.087
9 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 289.0 1'22.976 0.946 / 0.126
10 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 286.0 1'23.008 0.978 / 0.032
11 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 286.0 1'23.040 1.010 / 0.032
12 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 271.3 1'23.255 1.225 / 0.215
13 51 Michele PIRRO Ignite Pramac Racing Ducati 282.1 1'23.491 1.461 / 0.236
14 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 271.0 1'23.524 1.494 / 0.033
15 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 274.1 1'23.627 1.597 / 0.103
16 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 274.3 1'23.636 1.606 / 0.009
17 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 275.0 1'23.866 1.836 / 0.230
18 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 277.7 1'23.911 1.881 / 0.045
19 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 287.5 1'23.932 1.902 / 0.021
20 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 273.4 1'24.078 2.048 / 0.146
21 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 276.9 1'24.647 2.617 / 0.569
22 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 270.3 1'24.862 2.832 / 0.215
23 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 268.5 1'25.568 3.538 / 0.706
  17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART      


Утре со почеток од 9 часот изутрина е третиот тренинг, четвртиот тренинг на програмата е во 13:30. Веднаш потоа започнуваат и квалификациите, првите во 14:10, а вторите во 14:35.

Трката во недела започнува во 14:00, можете во живо да ја гледате во Бајкерс Плејс (пренос на Спорт Клуб каналот) или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!