Дани Педроса и Марк Маркез добија нови скутери од Honda кои ќе можат да ги користат за време на Европските трки од MotoGP шампионатот.

2013 scooter pic

Дани Педроса и Марк Маркез добија нови скутери од Honda кои ќе можат да ги користат за време на Европските трки од MotoGP шампионатот.

Спортскиот NSC50R 50cc скутер има ефикасен четири-тактен мотор, CBS систем за сопирање и има иста боја како тимските мотоцикли на Repsol Honda.

Резервоарот има капацитет од 5.5 литри гориво и може да помине до 50 километри со еден литар. Во издувниот систем има три-метал катализатор кој го намалува нивото на штетни гасови. Со помош на CBS (комбиниран систем за сопирање), предните хидраулични диск сопирачки се поврзани со задниот дел.

rider small dani pedrosa4Дани Педроса:

Забавно е да имаме вакви скутери со кои ќе можеме да се движиме низ гаражата.  Мојот тим исто така ги користи за да се движи по помошниот пат за време на сесиите во текот на викендот. Така полесно можат  да ме гледаат на различни делови од патеката и да ми дадат повратни информации.

rider small marc marquez3Марк Маркез:

Да имате два толку различни мотоцикли во гаражата е нешто навистина чудно. Преминуваме од 50cc скутер на 1000cc MotoGP машина. Неможе да биде поразлично од тоа. Исто така ги користиме скутерите за да ја провериме патеката пред секоја трка.

Овластен увозник за Хонда скутерите во Македонија е Макпетрол, а моделот NSC50R може да се погледне во изложбениот салон на Хонда до трговскиот центар „Беверли Хилс“. Цената на NSC50R изнесува 2190 евра.

Back To Top