24
Саб, Јун
MotoGP

Во „Yamaha Tech 3“ МотоГП тимот се е подготвено за новата сезона

thumb_GIX4668Пред почетокот на новата ера на мотоцикли со зафатнина од 1000цц во МотоГП шампионатот, тимот на Yamaha Tech3 на патеката Херез ги претстави новите бои на моторите на Кал Крачлоу и Андреа Довициозо.

Следете нè на:

 

GIX4668

Пред почетокот на новата ера на мотоцикли со зафатнина од 1000цц во МотоГП шампионатот, тимот на Yamaha Tech3 на патеката Херез ги претстави новите бои на моторите на Кал Крачлоу и Андреа Довициозо.

Кал Крачлоу на презентацијата изјави: „2012 ќе биде мојата втора сезона во МотоГП, и втора сезона во овој тим, па со нетрпение го очекувам почетокот на новата сезона. Тимот работеше навистина напорно во текот на зимата, а Јамаха направи чудо со новиот M1, па мислам дека сме на вистинскиот пат. Бидејќи напредокот и развојот на моторот не запира, сигурен сум дека со поддршката од фабриката ќе имаме подобра сезона од минатата година. Свесен сум дека ова е само втора сезона за мене во МотоГП, тоа значи дека имам помало искуство од моите ривали па од тука и целта за сезоната е да се пласирам колку што можам погоре. На досегашните тестирања со моторот од 1000цц покажав дека можам да имам конкурентни времиња, па доколку сезоната ја завршам како најдобро пласиран сателитски возач ќе бидам пресреќен.“

„Сезонава е навистина важна за мене, по долгата зима едвај чекам да започне шампионатот“ - со овие зборови Андреа Довициозо ја започна својата изјава за медиумите присутни на Херез. „Свесни сме дека Јамаха направи одлична работа со новиот YZR-M1, но сепак јас имам многу работа додека да се навикнам на новиот агрегат од 1000цц, тој е целосно нов за мене и сеуште не го владеам. Сепак, моторот има огромен потенцијал па јас сум оптимист и самоуверен сум дека ќе имам успешна сезона. Мотивиран сум со оглед на тоа што минатата година го завршив шампионатот на третата позиција, но сепак тука има многу тркачи кои се подготвени за борба за титулата и освојување на бодови.“

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!