Недела, 23-ти март, 20.00 часот по наше време, моментот кој сите моторџии со нетрпение го очекуваат, почетокот на новата MotoGP сезона.

MotoGP-2014-calendar

Недела, 23-ти март, 20.00 часот по наше време, моментот кој сите моторџии со нетрпение го очекуваат, почетокот на новата MotoGP сезона.

23 возачи на 18 трки во сезоната ќе се обидат да го достигнат врвот, да се здобијат со најголемиот трофеј во светот на мотоциклизмот, шампионската титула во MotoGP шампионатот.

Првата трка која се вози на патеката Лосаил во Катар ни носи многу возбудувања. Почетокот на сезоната секојпат е возбудлив, а патеката во Катар ја прави трката уште по привлечна за фановите. Не само затоа што се вози ноќе, заради долгата зимска пауза, недостигот од мото возбудувања, а секако тука е и лизгавата подлога на која се покажуваат вистинските вештини.

Проблемот со подлогата на патеката Лосаил е заради ниската температура на асвалтот, наносите од песок заради ветерот, и влажноста која е голема по заоѓањето на сонцето. Патеката има 10 десни свиоци и 6 леви, што прави дополнителен предизвик во изборот на пневматици, за кои како што веќе пишувавме од оваа сезона ќе има посебно одбележување.

Фановите веќе се поделени, актуелниот Светски шампион Марк Маркез според многумина е главен кандидат за повторно освојување на титулата, од другиот табор велат дека Лоренцо е човекот кој годинава ќе го крене пехарот во рацете, а секако тука се и фановите на „Докторот“, според кои за Роси 2014 година ќе значи и 10-та титула. Секако не треба да се избрише од калкулациите и вечно вториот Дани Педроса, а од останатите возачи погледите се свртени кон Алекс Еспергаро, Штефан Брадл и Андреа Довициозо.

Останува да уживаме во првата трка, да навиваме за фаворитите, и да се надеваме дека не очекува возбудлива и непредвидлива сезона.

Во продолжение и преглед на возачите и боревите со кои ќе настапат во оваа сезона:

 

Сите возбудувања оваа сезона ќе можете да ги следите на SportKlub каналот кој се емитува кај нас преку секој кабелски оператор, или преку интернет стримингот на http://www.sportcategory.com/c-10.html (линковите за следење се додаваат пред почетокот на трката)

Back To Top