25
Пон, Сеп
MotoGP

Вињалес: Штета што го нема Валентино

„Знам дека ова за него е посебна трка. Таа е негова домашна патека и нема да биде исто без него.“ - Маверик Вињалес

Следете нè на:

 

Маверик Вињалес вели дека е голема штета што неговиот тимски колега Валентино Роси нема да настапи на трката која ќе се оддржи овој викенд во Мисано. Роси, кој живее на само 20 минути од патеката ја скрши ногата за време на тренингот минатиот четврток и тоа претставува голем удар за него во борбата за шампионската титула.

IMGP7562Маверик Вињалес

„За жал пристигнавме на оваа патека без мојот тимски колега Валентино и тоа е голема штета. Знам дека ова е посебна трка за него и нема да биде исто. Му посакувам побрзо да оздрави и се надевам дека за кратко време повторно ќе го видам на патеката.“

Вињалес во моментов е на третото место во генералниот пласман со заостанување од само 13 поени зад лидерот Довициозо и 4 поени зад Марк Маркез. Шпанецот вели дека во моментов има одлично чувство на мотоциклот и дека се чувствува самоуверено по успешниот тест кој го имашена истата оваа патека пред неколку недели.

„Имаме голема мотивација после подиумот во Силверстоун и повторно се движиме во вистинскиот правец. Ми се враќа истото чувство на мотоциклот кое го имав на почетокот на сезоната и тоа ми дава самодоверба.“

„Добро е што имавме позитивни резултати на последниот тест во Мисано. Ќе дадам се од себе за да имаме добар настап.“

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендов ќе настапи на 10-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Марк Маркез имаше уште еден одличен настап на трката во Арагон и ја зголеми предноста во шампионатот на 16 поени. Иако на моменти изгледаше како да вози на самиот лимит, сепак во својот веќе препознатлив стил, во последните неколку круга успеа да стигне до нова победа.

Новата Honda Gold Wing 2018 долго време беше во развој, но неодамна објавеното промотивно видео ни потврди дека новиот мотоцикл ќе биде претставен оваа есен на саемот „EICMA“ во Милано на кој ќе присуствуваме.

Алекс Ринс ќе носи специјална розева кацига на трката која овој викенд ќе се оддржи во Арагон со цел да ја подигне свеста за ракот на градите. Не само што ќе носи таква боја во текот на викендот, туку Ринс побара и од своите фанови да се вклучат во акцијата и да ги поддржат неговите напори.

Лорис Баз потврди дека ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2018 откако по три години поминати во премиерната класа во МотоГП го загуби своето место.

Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година откако конечно потврди дека потпишал договор за да му се приклучи на тимот Reale Avintia. 

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!