MotoGP

Вињалес: Не верував дека е возможно да победам

„Не верував дека оваа година ќе успеам да победам. Размислував само дека следната сезона ќе имам можност за победа. Искрено, многу сум среќен“ – Маверик Вињалес

Следете нè на:

 

Маверик Вињалес вели дека воопшто не се надевал дека оваа сезона ќе успее да оствари победа. Младиот Шпански возач успеа да ја победи конкуренцијата и заврши на првото место на Гран При трката која се оддржа во Силверстоун.

21 годишниот Шпанец стана првиот возач кој успеал да победи со мотоцикл на Suzuki, на суви услови, по Кени Роџерс кој успеа да победи во 2000 година. На крајот, Вињалес заврши со предност од 3.4 секунди пред Британскиот возач, Кал Кратчлоу.

vinales pobeda 1Фантастичното возење на Вињалес резултираше со неговата прва МотоГП победа

Вињалес, кој следната сезона ќе му се приклучи на Валентино Роси во тимот на Yamaha, изјави дека оваа победа е врвот во неговата досегашна кариера.

„Секако, оваа победа е мојот најдобар момент досега, но исто така не верував дека оваа година ќе успеам да го постигнам тоа. Искрено, навистина сум среќен а оваа победа е еден од најдобрите подароци што можам да му ги дадам на тимот,“ изјави Вињалес.

„Извозевме многу кругови со тврда гума и морам да им се заблагодарам на сите бидејќи мотоциклот функционираше перфектно. Се чувствував добро на мотоциклот и веќе после третиот свиок можев да забележам дека се одвојувам од останатите возачи.“

На прашањето дали овие перформансите на Suzuki ја доведуваат во прашање неговата одлука да премине во тимот на Yamaha од следната сезона, Вињалес одговори: „Искрено, тоа не ми влијае. Кога ќе одлучам нешто, се посветувам на тоа. Напорно работевме во петокот за да го подготвиме мотоциклот а исто така значителен напредок имавме и на тестот во Брно.“

vinales pobeda 2Вињалес му ја донесе првата победа на тимот на Сузуки по 9 години

„Денеска се чувствував добро и имав голема самодоверба. Имавме добра стратегија и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и понатаму.“

Вињалес веќе имаше предност на трката кога се појави црвеното знаме поради инцидентот во кој беа вклучени Пол Еспаргаро и Лорис Баз.  Но и после вториот старт, Вињалес за брзо време се одвои од останатите возачи.

„За нас беше тешко бидејќи голем дел од останатите возачи ги променија пневматиците а ние останавме со истите.  Мислам дека имавме перфектна трка а тоа е така поради вчерашните квалификации на кој мојата екипа вложи голем напор за јас да се најдам во првиот ред. Токму тоа ми помогна за да го освојам првото место.“

„Благодарен сум му на тимот бидејќи работи навистина напорно. Единствено што можам да кажам е дека сакам да се обидам да бидам на првото место и на следните трки. “

Вињалес сега се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман и има 21 поен помалку од возачот на Movistar Yamaha, Хорхе Лоренцо, кој се наоѓа на третото место. 

Би можело да ве интересира

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!