MotoGP

Вињалес ја прекина соработката со менаџерот, договорот со Јамаха е неизвесен

Поранешен менаџер Аки Ајо, тврди дека во актуелниот договор на Вињалес има клаузула според која Suzuki ќе може автоматски да му го продолжи договорот на Вињалес за уште една сезона доколку тој успее барем еднаш да се искачи на подиумот.

Следете нè на:

 

Веднаш по тестирањето во САД од Сузуки дојдоа гласини кои можат да влијаат на иднината на Маверик Вињалес. Шпанскиот возач ја прекина соработката со својот поранешен менаџер Аки Ајо и започна соработка со Пако Санчез, кој порано се грижеше за кариерата на Пол Еспаргаро.

Тоа би можело да биде релативно скап проблем. Според некои извори, Вињалес ќе треба да плати казна од 25% од парите кои треба да ги добие новиот агент на неговиот поранешен агент Ајо бидејќи го прекршил договорот.

Веста дека Вињалес се разделил со поранешниот менаџер, веднаш ги привлече останатите застапници. На крајот, Вињалес одлучи Санчез да се грижи за правните работи, а тој да се грижи за преговорите околу новите договори. Но со оглед на притисокот кој со себе го носат MotoGP трките, ваквата одлука можеби и не е многу умна.

a6e2726d bbb1 4879 b679 c288c37b5af0 1170x780Дали Маверик Вињалес ќе остане во Сузуки?

Новиот менаџер на Вињалес можеби нема да успее да му најде подобар тим. Според motosport.com Вињалес во моментов има понуда само од Suzuki. Интернет страната Speedweek, повикувајќи се на неговиот поранешен менаџер Аки Ајо, тврди дека во актуелниот договор на Вињалес има клаузула според која Suzuki ќе може автоматски да му го продолжи договорот на Вињалес за уште една сезона доколку тој успее барем еднаш да се искачи на подиумот. Со оглед на одличната форма на Вињалес оваа сезона, големи се шансите тоа и да се случи.

Но тоа ќе и создаде проблем на Yamaha. Тие се обидуваат да потпишат договор со Вињалес кој ќе биде замена за Хорхе Лоренцо, но доколку Шпанецот освои место на подиумот, тогаш оваа опција ќе пропадне. А тврдењата дека Вињалес намерно нема да се бори за место на подиумот се речиси неверојатни.

Доколку Yamaha не успее да ги обезбеди услугите на Вињалес, тогаш тие можеби ќе му понудат на друг возач договор со траење од една сезона, за да можат подоцна да му понудат договор на Вињалес.

Валентино Роси изјави дека Андреа Јанон или Дани Педроса би можеле да го завземат местото на Лоренцо, но тешко е за верување дека Yamaha ќе му дозволи на Роси да го избере својот тимски колега.

Се верува дека во моментов од Yamaha не сакаат да му дадат шанса на Алекс Ринс да настапува за првиот тим и дека повеќе им одговара тој да настапува за сателитскиот тим. Од друга страна Ринс не сака да настапува за тој тим и големи се шансите тој да премине во Repsol Honda.

Во моментов, единствено сигурно е дека Лоренцо ќе потпише договор со Ducati, а договорот би требало да биде претставен веднаш по трката во Херез.  

 

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!