Патеката Брно во Чешка е домаќин на 11-та рунда од МотоГП шампионатот, трката во недела започнува во 14 часот.

brno staza

Патеката Брно во Чешка е домаќин на 11-та рунда од МотоГП шампионатот, трката во недела започнува во 14 часот.

Брно е патека со должина од 5,4км, составена е од 14 свиоци од кои 6 се леви и 8 десни, а најдолгиот правец е со должина од 636 метри. Од далечната 1930 година па се до 1982 возачите од ГП шампионатот имале прилика да возат на патека која вклучувала делови од западниот дел на Брно и неколку села, за во 80-те години да биде изградена нова патека, со цел да се привлече Формула 1 во тогашна Чехословачка. По изградбата на патеката, во 1987 година за прв пат била одржана и трка од МотоГП шампионатот, а популарноста кај возачите и публиката е добиена благодарение на поставеноста на стазата која овозможува одлична прегледност. Висинската разлика на патеката се менува низ свиоците па затоа на тест се ставени талентот на возачите како и перформансите на моторите.

Минатата сезона победата на Брно му припадна на Дани Педроса, следен од Хорхе Лоренцо и Валентино Роси. Оваа сезона до сега ни приреди неколку изненадувања, Валентино Роси е вратен во игра и во моментот е водечки во шампионатот, зад него е неговиот клубски колега Хорхе Лоренцо кој го следи во чекор, а конечно и Марк Маркез се разбуди и се впушти во борбата за титулата.

До крајот на шампионатот преостануваат уште 8 трки, вклучувајќи ја и оваа во Брно, па затоа возачите и тимовите ќе сторат се што е во нивна можност да дојдат до пиедесталот. Не очекува возбудлив викенд, а пренос од сите возбудувања ќе можете да следите на Спорт Клуб според следниот распоред:

  Sport Klub 1 - Петок (14. август)
09:00 Moto GP Brno: Moto 3 - тренинг 1 во живо
09:55 Moto GP Brno: Moto GP - тренинг 1 во живо
10:55 Moto GP Brno: Moto 2 - тренинг 1 во живо
13:10 Moto GP Brno: Moto 3 - тренинг 2 во живо
14:05 Moto GP Brno: Moto GP - тренинг 2 во живо
15:05 Moto GP Brno: Moto 2 - тренинг 2 во живо
  Sport Klub 3 - Сабота (15. август)
09:00 Moto GP Brno: Moto 3 - тренинг 3 во живо
09:55 Moto GP Brno: Moto GP - тренинг 3 во живо
10:55 Moto GP Brno: Moto 2 - тренинг 3 во живо
12:35 Moto GP Brno: Moto 3 - квалификации во живо
13:30 Moto GP Brno: Moto GP - тренинг 4 во живо
14:10 Moto GP Brno: Moto GP - квалификации во живо
15:05 Moto GP Brno: Moto 2 - квалификации во живо
  Sport Klub 3 - Недела (16. август)
08:40 Moto GP Brno: Moto 3 - warm up во живо
09:10 Moto GP Brno: Moto 2 - warm up во живо
09:40 Moto GP Brno: Moto GP - warm up во живо
11:00 Moto GP Brno: Moto 3 - трка во живо
12:20 Moto GP Brno: Moto 2 - трка во живо
14:00 Moto GP Brno: Moto GP - трка во живо
15:30 Red Bull Moto GP Rookies Cup: Brno - 2. тркаво живо
Back To Top