Одговор на сите оние „што му требаше да се глупира со кросот“ муабети.

Валентино Роси ја скрши десната нога додека возеше на оф роуд патека. Од тоа произлегоа две работи.

Прво, стави крај на обидот да стигне до уште една шампионска титула. Второ, гарантираше дека многу луѓе веднаш ќе го споделат своето мислење на социјалните мрежи, сугерирајќи дека не треба да настапува на такви патеки бидејќи со тоа си ја ризикува кариерата. Не знае ли дека мотоциклите се опасни?

20160707 img 03

Не е прв пат мотоциклист да се повреди додека тренира на оф роуд патека па затоа ајде да кажеме нешто повеќе околу тоа. Една работа која многу често не се зема во предвид е дека професионалните возачи многу малку време поминуваат правејќи го она за што се платени во споредба со останатите спортисти. Колку натпревари годишни имаат фудбалерите или кошаркарите? Кај професионалните возачи ограничен е бројот на денови кои тие го поминуваат на тркачката патека.

Останатиот дел од времето тие мораат да тренираат на поинаков начин со цел да останат во форма. Два од најчестите тренинзи се возење велосипед или возење мотоцикл на рамна патека. Но има ризик и во овие активности.

Велосипедизмот е одлична кардио васкуларна вежба и ги развива мускулите на нозете што им е особено важно на професионалните возачи.  Тие би можеле да возат и дома на статични велосипеди но тоа звучи прилично досадно. Но и возењето мотоцикл на оф роуд патека е одлична вежба и од таа причина мотокрос возачите се едни од најдобрите атлети на светот. Тоа им овозможува на возачите и постојан тренинг во сите оние денови кога не смеат тоа да го прават на тркачката патека.

Две видеа, едно од пред две години и едно објавено пред речиси две недели ни ја доловуваат темата за која зборуваме. Во првото видео, Валентино Роси ни октива зошто оф роуд возењето е толку важен дел од неговиот тренинг.

Во второто видео исто така се појавува еден светски познат возач, Леон Камиер. Во ова пет минутно видео ќе можете да видите дел од неговиот живот но ако сакате веднаш да стигнете на главниот дел, тогаш преминете на четврта минута од видеото каде што Камиер објаснува како возењето на мотокрос го прави подобар возач.

Back To Top