„Жално е бидејќи во нормални услови, на суво или влажно, можевме да бидеме на подиумот“ - Валентино Роси

Валентино Роси испушти одлична можност да му се доближи на лидерот на табелата Марк Маркез во последните неколку круга од трката во Сашенринг.

За разлика од Маркез, кој излета од патеката во првиот дел од трката а потоа се најде и на четиринаесетото место откако го замени мотоциклот, Роси беше дел петмината возачи кои се бореа за врвот.

Но поради интензитетот на борбата, возачите чекаа премногу долго пред  да ги заменат мотоциклите, што му овозможи на Маркез да се врати во борбата за првото место.

motogp sachsenring 2016 17

Работите станаа полоши за Роси кој имаше лош избор на пневматици и не успеа да издржи во борбата за место на подиумот.

„Тажно е бидејќи мислам дека можеме да бидеме компетитивни на суви услови а исто така и на нормална, влажна патека, можам да се борам за победа,“ изјави Роси. „Но за жал, престана да врне и патеката се исуши.  Изгубивме добра можност да освоиме поени.“

Роси, исто како и Довициозо, Кратчлоу и Барбера влезе во боксот во дваесет и третиот круг. Со оглед на брзината на Марк Маркез и Андреа Ианоне, тие останаа подолго на патеката одколку што посакуваа во нивните тимови.

Но најголемиот проблем на Роси беше малата брзина откако излезе од гаражите. За само три круга, возачот на Yamaha загуби повеќе од десет секунди во однос на Кал Кратчлоу, кој заврши на второто место и Довициозо кој беше трети.

„Главниот проблем беше дека бев многу бавен во вториот дел од трката. Немав никакво чувство на мотоциклот, не ги чувствував пневматиците.“

Поради одличната форма на Марк Маркез на мазни гуми, многумина сметаат дека ставањето на средни гуми на мотоциклот на Роси очигледно било грешка.

Иако сите возачи кои завршија пред Роси имаа барем мазна задна гума, само возачите на Honda возеа со мазни гуми на двете тркала.

motogp sachsenring 2016 14

Тимскиот менаџер на Хорхе Лоренцо смета дека комбинацијата од стилот на возење на Марк Маркез и тенденцијата на Honda да го оптоварува предниот пневматик му помогнало на Шпанецот.

„После проблемите што ги имавме во петокот, одлучивме да ставиме средни гуми,“ изјави Роси. „Одлуката ја донесовме заедно со тимот бидејќи во петокот мазната предна гума беше премногу тврда за нас.“

„Не знам дали тоа беше погрешен избор, но на хартија мазните гуми исто така може да бидат потешки бидејќи во првиот круг немав никакво чувство и дури и со средни пневматици јас бев многу бавен.“

„Мислам дека на вакви услови не сум многу добар но исто и нашиот мотоцикл е многу тежок за возење бидејќи не дава добро чувство за да се притисне од почеток на трката. На крајот завршив на осмото место и пропуштив добра шанса да освојам повеќе поени.“

Неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо, имаше повеќе проблеми од него и заврши на петнаесетото место.

Роси се доближи на само 11 поени во однос на актуелниот светски шампион но сега заостанува дури 59 поени во однос на Марк Маркез.

„Навистина е тешко,“ изјави Роси за моменталната ситуација. „Во првите девет трки не ги освоив потребниот број на поени бидејќи направив неколку грешки. Разликата со Маркез е навистина тешка за да се стигне.“

„Но во секој случај, имаме уште половина од шампионатот. Девет трки се навистина многу. Треба да работиме напорно и да бидеме навистина компетитивни.“

Роси заедно со повеќето негови ривали ќе се врати на патеката за приватното тестирање кое ќе се оддржи во Австрија оваа недела.  

Back To Top