motori rossi-yamaha-2013Валентино Роси нема што да докажува по враќањето во МотоГП тимот на Јамаха. Откако помина кошмарни две години со тимот на Дукати, во кои извозе 35 трки, а не беше ни блиску до победа, тој едвај чека да се врати на својата добро позната YZR-M1.

rossi-yamaha-2013

Валентино Роси нема што да докажува по враќањето во МотоГП тимот на Јамаха. Откако помина кошмарни две години со тимот на Дукати, во кои извозе 35 трки, а не беше ни блиску до победа, тој едвај чека да се врати на својата добро позната YZR-M1.

Имајќи ја во предвид неговата репутација и она што го има постигнато во кариерата, сите со нетрпение го очекуваат враќањето на Докторот во тимот во кој е неприкосновен неговиот ривал и актуелен Светски првак, Хорхе Лоренцо. Сепак шефот на тимот, Масимо Мерегали, смета дека Роси нема што да докажува во тимот. Во изјавата за „MCN“ тој вели:  „-Валентино е Валентино и тој не треба да се докажува пред никого. Следната сезона тој ќе има 34 години и ризикот за повреда кај него е значително поголема отколку кај возач кој има 23 години. Сепак тој е искусен возач и ќе го искомпензира ризикот, но ви никој случај не треба да се докажува. Тој покажа и минатите сезони дека секојпат кога му се укажа прилика да го извади потенцијалот на Дукати-то, тој го направи тоа.“

Шефот на тимот мисли и дека конфликтите помеѓу Роси и Лоренцо се минато, „Двајцата се променети во однос на 2008-ма, имаат многу повеќе искуство и сметам дека следната сезона ќе имаме компактен тим кој нема да има ѕид во гаражата“.

Back To Top