MotoGP

Валентино Роси: Многу тешка ситуација

Сега сме во многу тешка ситуација, особено кога настапуваме на влажни услови. И на суви услови имаме проблеми но барем можеме да бидеме малку поконкурентни.

Следете нè на:

 

Откако се мачеше во текот на целиот MotoGP викенд кој се оддржа во Јапонија, Валентино Роси пристигна во Австралија со надеж дека условите на патеката ќе бидат подобри.

Но според она што го видовме во вторникот, се чини дека не очекува трка со услови типични за Филип Ајленд, обилни врнежи од дожд со сончеви периоди измеѓу и голем пад на температурата навечер.

rosi bolki motokros

„Ова е поинаква патека, поинаква подлога, поинаква температура и мораме да ги разбереме временските услови. Тука времето постојано се менува но се надевам дека сега ќе биде суво,“ изјави Роси.

„Минатата година имавме добра трка. Во саботата условите беа добри и имав добар настап. Во февруари, за време на тестот, ми беше многу тешко и бев многу бавен.“

Со оглед на тоа дека големи се шансите временските услови повторно да бидат неповолни, Роси кажа нешто и за актуелните проблеми со кој се соочува.

„За нас е тешко да разбереме бидејќи со пневматиците на Bridgestone бевме многу добри. Но исто така и минатата сезона со пневматиците на Michelin мотоциклот беше добар на влажни услови. Отсекогаш сум бил брз на дожд. Затоа мораме да го откриеме проблемот кој го имаме сега.“

„Во Мотеги се мачевме во текот на целиот викенд. Но сега се надевам дека условите ќе бидат подобри.“

Деветкратниот шампион потврди дека во моментов работи на сетапот на мотоциклот.

„Нови делови, не. Сетап, да. Ќе биде интересно да се види како ќе се одвиваат работите на повисока температура но прогнозите во моментов велат дека ќе биде ладно. Сега сме во многу тешка положба, особено кога е влажно. И на суво имаме проблеми но барем можеме да бидеме конкурентнии. Но сепак ќе го дадеме максимумот.“

Во однос на повредата на ногата, на која и беше извршен дополнителен притисок по падот во Мотеги, Роси изјави: „Имав среќа што не направив полоша работа. Исто така имам болки и во рамото но се надевам дека кога ќе се качам на мотоциклот нема да ја чувствувам болката.“

„За мене оваа патека, во споредба со Мотеги, е физички полесна. Но во исто време мораш да останеш постојано смирен бидејќи оваа патека е многу брза. Затоа мораш постојано да бидеш концентриран.“

Роси, кој ја пропушти трката во Мисано поради фрактура на ногата и кој во текот на оваа сезона падна два пати, ги загуби сите шанси за освојување на титулата.

Неговиот тимски колега Маверик Вињалес се уште има шанси иако заостанува 41 поен зад лидерот Марк Маркез и 30 поена зад Андреа Довициозо. До крајот на сезоната остануваат уште три трки односно максимум 75 поени.

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Видеото започнува со претставување на производите на Kawasaki, односно едно лице како вози спортски модел во тунел. Но кога возачот излегува од тунелот, тој го вози концептот Ј.

Се огласи и производителот на сопирачките Брембо заради кој Априлија и Дукати најавија повлекување и бесплатна замена на главниот кочионен цилиндер кај поновите модели.

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!