Валентино Роси ја повлече жалбата за трите казнени поени што ги доби за сударот во Сепанг. Италијанецот се жалеше на казната што ја доби, првин кај FIM стјуардите а откако тие ја одбија жалбата се жалеше и до арбитражниот суд.

Доколку таа жалба беше прифатена, тогаш Роси не ќе мораше да стартува од последниот ред на трката во Валенсија. Но жалбата беше отфрлена и Роси ја започна трката од последното место. Тој заврши на четвртото место и титулата ја освои неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо. Бидејќи заврши сезоната, Роси сигурно си помислил дека нема да има никаква поента доколку продолжи да се жали. Дури и ако CAS изгласаат во негова корист, се што тие ќе можат да направат е да му ги додадат поените што ги загуби. Но тоа немаше да значи ништо во борбата за титулата.

rossi marq

Роси се уште има четири казнени поени. Освен трите од Сепанг, има еден и од трката во Мизано. Доколку добие уште три поени пред средината на Септември 2016, тој ќе треба да стартува од боксот. Но тоа е малку веројатно.

Со повлекувањето на жалбата, случајот на Роси сега и официјално е завршен.  Дебатата меѓу фановите сигурно ќе продолжи, но што се однесува до организаторите и до лицата кои се вклучени, целиот овој случај е завршен.

Back To Top