thumb_Ducati_GP12_RossiВалентино Роси сподели слики од новиот Ducati Desmosedici GP12 со кој ќе настапи на првиот пред сезонски тест кој започнува утре на патеката Сепанг во Малезија.

Ducati_GP12_Rossi

Валентино Роси сподели слики од новиот Ducati Desmosedici GP12 со кој ќе настапи на првиот пред сезонски тест кој започнува утре на патеката Сепанг во Малезија.

Сепак она што е важно е под пластиките, изгледот е добар, останува да видиме што може да направи овој ѕвер. Според зборовите на главниот механичар, резултат кој е до 1 евентуално 1.2 секунди послаб од најбрзиот мотор на патеката ќе биде добар за нив. Зборови кои не ветуваат многу ако се има во предвид дека Дукати излезе со изјава дека годинава ќе настапат со мотор кој е 90% сменет од претходниот и проблемите со предницата би требало да се минато.

Тестирањата започнуваат утре, па останува да видиме дали Валентино Роси и Дукати ќе бидат конкурентни или повторно ќе следиме шампионат во кој Хонда ќе го има главниот збор.

Ducati_GP12_Rossi_2

Back To Top