Валентино Роси е решен да ја врати својата MotoGP сезона на вистинскиот правец на трката во Каталуња овој викенд по катастофалната домашна трка во Муџело на која се судри со Алваро Баутиста.

rosi-muggelo-barsa

Валентино Роси е решен да ја врати својата MotoGP сезона на вистинскиот правец на трката во Каталуња овој викенд по катастофалната домашна трка во Муџело на која се судри со Алваро Баутиста.

Роси го нема на подиумот од трката во Катар и има освоено само 4 поени на последните две трки.

Добра вест е што избегна повреда по судирот на трката во Муџело.

„Неколку дена по судирот во Муџело имав болки насекаде,” изјави Роси. „За среќа можев веднаш да почнам со тренинг и не губев време. Трката во Барселона ќе биде многу важна особено по неодамнешните резултати.”

Трката во Каталуња ќе биде одлично место за новиот почеток на Роси. Деветкратниот Светски шампион има остварено најмногу победи на оваа патека. Во класата од 125cc победи во 1997, во класата од 250cc победи во 1998 и 1999, а во премиерната класа победуваше во 2001, 2002, 2004, 2005, 2006 и во 2009 кога го помина тимскиот колега Хорхе Лоренцо во последниот свиок.

„Сакам да се качам на подиумот во Шпанија и ќе дадам се од себе како и обично,” изјави Роси, кој сеуште нема старт од првиот ред оваа сезона. „Ќе биде многу важно да се започне овој викенд на најдобар начин и да се постигне добро време на квалификациите. Ќе биде многу важно да се започне од првиот ред.”

Поради неодамнешните проблеми Роси се најде на шестото место во шампионатот, позади М1 возачите Лоренцо (второ место) и Кратчлоу (четврто место) како и позади неговата замена во Дукати Андреа Довициозо (петто место).

„На Валентино му е потребен добар резултат тука бидејќи немаше среќа на последните две трки,” изјави тимскиот директор Масимо Мерегали.

Роси заврши на седмото место на трката во Каталуња минатата сезона возејќи за Дукати.

Back To Top