23
Чет, Фев
MotoGP

Валентино Роси: Ауди сметаат на мене во Дукати

motori rossi-zahsenringПо средбата со претставниците на АУДИ, кои се новиот сопственик на тимот, за време на Германското Мото ГП Валентино Роси даде уште една нова индикација за тоа дека тој ќе остане во тимот на Дукати и по завршувањето на оваа сезона.

Следете нè на:

 

rossi-zahsenring

По средбата со претставниците на АУДИ, кои се новиот сопственик на тимот, за време на Германското Мото ГП Валентино Роси даде уште една нова индикација за тоа дека тој ќе остане во тимот на Дукати и по завршувањето на оваа сезона.

“Зборував директно со директорот на Ауди и тие имаат силна намера да го подржат тимот на Дукати во иднина за да ја поврати конкурентската предност” рече Роси за италијанскиот медиум РТИ.

“Тоа е многу амбициозен проект, и јас сум среќен за истиот.”

Кога беше прашан пак за својата иднина Роси потенцираше – “Тие сметаат на мене!”

Со оглед на тоа дека Дани Педроса и Марк Маркез ќе ги завземат местата во тимот на Репсол Хонда за 2013 година, единствено како алтернатива за фабрички тим останува да се врати кај Хорхе Лоренцо и Јамаха.

Седумкратниот Мото ГП Шампион Роси има само два подиуми откако на крајот на 2010 ги напушти Јамаха и премина во Дукати, но неговите моментални желби се движат во насока на потрага на префинетост наместо кон радикални промени.

“Многу е попаметно да се обидеме постепено да го подобруваме мотоциклот кој го имаме во моментов, затоа што почетокот од нула би значел поминување премногу време на сетирање на моторот” беше дециден Роси.

Развојот и подобрувањата со дополнителните делови на моторот се во план да се тестираат по овој Мото ГП викенд кој се вози во Италија, и се очекува да се претстават на следната трка во САД на крајот на месецов.

Досега единствено три возачи имаат активни договори за 2013 година, Хорхе Лоренцо за Јамаха, Штефан Бредл за ЛЦР Хонда и Бредли Смит за Тех 3 Јамаха. Педроза го продолжи договорот со Репсол Хонда минатата недела, а Стонер одамна објави дека се повлекува на крајот од сезоната.

comments

Би можело да ве интересира

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Марко Меландри го подобри своето темпо на новите пневматици за време на тестот на Филип Ајленд. На крајот тој заврши со време кое беше послабо за само 0.030 секунди од времето кое го постигна Џонатан Реа.

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!