Ренди де Пуние помина два дена (минатиот четврток и петок) на патеката Мотеги, тестирајќи ја новата MotoGP машина на Suzuki. Според Германската интернет страна Speedweek.de тоа бил успешен тест.

de-Puniet-Suzuki-586x386

Ренди де Пуние помина два дена (минатиот четврток и петок) на патеката Мотеги, тестирајќи ја новата MotoGP машина на Suzuki. Според Германската интернет страна Speedweek.de тоа бил успешен тест.

Возачот на „Aspar“ не бил сам во Мотеги. Заедно со него биле и Давиде Бривио, за кого се очекува да биде новиот тимски менаџер на Suzuki MotoGP и Том О'Кин како шеф на екипата и тркачки инжинер за тестот.

Тест тимовите на Honda и Yamaha (Такуми Такахаши и Коусуке Акијоши за Honda и Катсујуки Накасуга и Ватару Јошикава за Yamaha) исто така беа присутни. Де Пуние беше побрз од четврорицата Јапонски возачи и постигна неофицијално време од 1.47.00, кое е речиси две десетинки побрзо од времето кое го постигна Французинот на квалификацискиот круг во Мотеги минатата година.

Back To Top