27
Пон, Фев
MotoGP

Успешен тест на Мизано за MotoGP тимовите

Еден ден по трката за ГН на Сан Марино, тимовите останаа на патеката Мизано за да го извршат тестирањето на новите мотори со кои ќе се натпреваруваат во 2014 година.

Следете нè на:

 

lorenco-test-misanoХорхе Лоренцо и Валентино Роси завршија 142 круга на Мизано

Еден ден по трката за ГН на Сан Марино, тимовите останаа на патеката Мизано за да го извршат тестирањето на новите мотори со кои ќе се натпреваруваат во 2014 година.

product feature 2013 misano test pic 1Маркез тестираше нови делови и на постоечкиот модел RC213V

Тимот на Хонда го тестираше новиот мотор опремен со „Magneti Marelli“ делови, а Марк Маркез и Дани Педроса имаа позитивни коментари. Маркез со новиот мотор забележа време кое беше само 3 десетинки побавно од рекордот на стазата кој го постави во саботата. Маркез и Педроса во изјавите за медиумите велат дека има простор за повеќе подобрувања, но засега развојот е на вистинскиот пат.

rosi-test-misanoРоси со трето време на тестирањето

Тимот на Јамаха исто така беше задоволен од тестирањето. Новата 2014 YZR-M1 се покажа одлично за време на сите 142 круга колку што возеа Лоренцо и Роси во Мизано. Освен новиот модел возачите на Јамаха тестираа и нови сетапи на постоечкиот мотор пред трката на Арагон која се вози следната недела.

Cal testКал Крачлоу ќе ја промени средината следната сезона, но тоа не го спречи да го покаже потенцијалот на YZR-M1

Кал Крачлоу и Бредли Смит тестираа за тимот на Јамаха Теч 3, новата YZR-M1 претрпе неколку промени во параметрите пред да се покаже во вистинско светло, а на крајот тоа го потврди Крачлоу со поставеното четврто време на тестот. Возачите на Теч3 имаа прилика да тестираат и нова тврда компонента од Бриџстоун за која дадоа позитивни оценки.

Резултати од тестот
 
1 Marc Marquez 1'33.264 SPA HONDA Repsol Honda Team
2 Jorge Lorenzo 1'33.502 SPA YAMAHA Yamaha Factory Racing
3 Valentino Rossi 1'33.660 ITA YAMAHA Yamaha Factory Racing
4 Cal Crutchlow 1'33.780 GBR YAMAHA Monster Yamaha Tech 3
5 Alvaro Bautista 1'33.877 SPA HONDA Go & Fun Honda Gresini
6 Dani Pedrosa 1'33.892 SPA HONDA Repsol Honda Team
7 Stefan Bradl 1'34.015 GER HONDA LCR Honda MotoGP
8 Andrea Dovizioso 1'34.118 ITA DUCATI Ducati Team
9 Nicky Hayden 1'34.252 USA DUCATI Ducati Team
10 Andrea Iannone 1'34.378 ITA DUCATI Energy T.I. Pramac Racing Team
11 Bradley Smith 1'34.414 GBR YAMAHA Monster Yamaha Tech 3
12 Michele Pirro 1'34.652 ITA DUCATI Ignite Pramac Racing Team
13 Randy De Puniet 1'35.097 FRA SUZUKI Suzuki Test Team
14 Hiroshi Aoyama 1'35.501 JAP FTR Avintia Blusens
15 Danilo Petrucci 1'35.671 ITA IODA-SUTER Came IodaRacing Project
16 Yonny Hernandez 1'36.277 COL PBM Paul Bird Motorsport
17 Hector Barbera 1'36.348 SPA FTR Avintia Blusens
18 Colin Edwards 1'36.402 USA FTR-KAWASAKI NGM Mobile Forward Racing
19 Claudio Corti 1'36.540 ITA FTR-KAWASAKI NGM Mobile Forward Racing
20 Michael Laverty 1'37.699 GBR PBM Paul Bird Motorsport
21 Michele Magnoni 1'39.107 ITA IODA-SUTER Came IodaRacing Project

Инженерите на сите тимови ќе се вратат во своите фабрики каде ќе продолжат со развој на новите мотори се до последниот тест кој ќе се одржи на патеката Валенсија еден ден по крајот на шампионатот.

 

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!