23
Саб, Сеп
MotoGP

Трета победа за Маркез во МотоГП!

Марк Маркез дојде до третата победа во премиерната класа во МотоГП шампионатот и се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман.

Следете нè на:

 

93marquez  s1d9409 originalМаркез е се посериозен кандидат за шампионската титула!

Марк Маркез дојде до третата победа во премиерната класа во МотоГП шампионатот и се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман.

Настанот започна со минутно молчење во знак на почит кон Андреа Антонели кој утринава почина на Суперспорт трката во Москва. Веднаш потоа Џо Сатриани ја отпеа американската химна свирејќи на електрична гитата, па возбудувањето можеше да започне.

46.256 гледачи беа подготвени да го следат спектаклот во кој од првиот ред за прв пат стартуваше германец, возачот на „LCR Honda“ тимот, Штефан Брадл. Секако очите на фановите беа вперени и кон Валентино Роси, но и кон Дани Педроса и Хорхе Лоренцо кои се вратија на патеката по тешки падови.

Сите возачи ја започнаа трката со предна тврда слик гума, додека пак за задна мека гума се одлучија сите освен Абрахам, Евдардс и Корти.

На самиот старт Брадл успеа да го задржи водството, а Валентино Роси изби на втората позиција пред Марк Маркез. Лоренцо дојде до четвртата позиција, пред Баутиста и Педроса. Веќе во вториот круг Баутиста го помина Лоренцо и дојде до четвртата позиција, а Штефан Брадл до крајот на кругот имаше предност од половина секунда во однос на Роси. 

По неколку кругови видовме фантастичен маневар на познатиот „Corkscrew“ свиок во кој Маркез од внатрешната страна, низ песокот, го помина Роси и дојде до втората позиција, налик на она што имавме прилика да го гледаме во битката помеѓу Роси и Стонер во 2008-ма.

stoner-rosi-markezШто ли си помисли Стонер кога го виде Маркез како го поминува Роси? :)

Двајцата ЦРТ дебитанти на Лагуна Сека, Мишел Лаверти и Клаудио Корти останаа без пласман. Лаверти падна, а Корти ја заврши трката заради проблеми со моторот. Во листата на возачи кои не ја завршија трката се најдоа и Алекс Еспергаро, Ренди де Пуние и Бредли Смит. 

На Маркез му беа потребни само неколку кругови да го намали водството од 1.8 секунди кое го имаше Брадл на првата позиција, а истовремено и Педроса се обидуваше да дојде до петтата позиција на Лоренцо. На 21 круг до крајот на трката Педроса успеа да го мине Лоренцо, а разликата од Брадл до Маркез сега изнесуваше само 0.2 делови од секундата.

Во 16-от круг, половина од трката, Брадл сеуште беше во водство, зад него Маркез, а Валентино Роси на третата позиција. Зад нив се наоѓаа Баутиста, Педроса, Лоренцо и Кал Крачлоу.

На Маркез му беа потребни уште три круга за да го превземе водството, па така на 13 кругови до крајот фабричката Хонда се најде пред онаа на „LCR“ тимот. Свиокот со број 11 не претставуваше никаков проблем за Маркез, кој дојде до водството можеби и полесно од што очекувавме.

Маркез веднаш потоа се оддалечи од Брадл, правејќи разлика од една секунда во само два круга, но она што беше интересно секако е доближувањето на Баутиста до Роси. Во 21-от круг тие имаа исто време, а разликата помеѓу нив двајцата изнесуваше само 0.3 делови од секундата.

На 7 кругови до крајот во фокусот беа возачите на Дукати, Ники Хејден и Андреа Довициозо безмалку ќе завршеа надвор од патеката откако имаа близок контакт со рачките во првиот свиок. За среќа инцидентот помина без поголеми проблеми за двајцата, а Довициозо успеа да ја задржи предноста, но сигурни сме дека ќе имаат за што да разговараат во гаражата клубските колеги.

До крајот интересна беше битката помеѓу Роси и Довициозо, откако Докторот налета на возачи кои требаше да ги помине за цел круг па предноста од 0.8 секунди која ја направи полека се стопи. На крајот, Роси дојде до уште еден подиум кој го качи скалилот погоре во генералниот пласман, но аплаузите отидоа кај Баутиста, кој заврши за четвртата позиција со заостанување од само 0.059 делови од секундата зад Роси.

Поз.ПоениБр.ВозачТимМоторКм/чВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 157.4 44'00.695
2 20 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 157.3 +2.298
3 16 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 157.2 +4.498
4 13 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 157.2 +4.557
5 11 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 156.9 +9.257
6 10 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 156.7 +12.970
7 9 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 156.5 +15.304
8 8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 155.4 +33.963
9 7 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 155.4 +34.129
10 6 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 153.8 +1'02.369
11 5 15 Alex DE ANGELIS Ignite Pramac Racing Ducati 153.8 +1'02.604
12 4 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 153.7 +1'03.593
13 3 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 152.8 +1'20.450
14 2 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 152.2 1 Круг
15 1 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 151.6 1 Круг
16   7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 151.6 1 Круг
17   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 151.1 1 Круг
18   52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 148.8 1 Круг
Без пласман
    38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 153.8 25 круга
    41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 153.3 27 круга
    14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 149.9 28 круга
    71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 44.9 29 круга
    70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 138.8 31 круга

Следевме возбудлива трка, во преден план ги немаше имињата кои ги спомнувавме постојано во изминатиот период, но факт е дека Вонземјаните се застарена работа, сега на сцената доаѓа Предаторот, Марк Маркез. 

Во генералниот пласман води Маркез со 163 поени, пред Педорса со 147, Лоренцо со 137, Роси 117 и Крачлоу со 116. Следната трка се вози на патеката Индијанаполис во САД на 18-ти Август.

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс ќе носи специјална розева кацига на трката која овој викенд ќе се оддржи во Арагон со цел да ја подигне свеста за ракот на градите. Не само што ќе носи таква боја во текот на викендот, туку Ринс побара и од своите фанови да се вклучат во акцијата и да ги поддржат неговите напори.

Лорис Баз потврди дека ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2018 откако по три години поминати во премиерната класа во МотоГП го загуби своето место.

Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година откако конечно потврди дека потпишал договор за да му се приклучи на тимот Reale Avintia. 

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!