Тимот на Estrella Galicia 0,0 Marc VDS денеска објави дека од следната сезона во МотоГП класата за нив ќе настапува Швајцарецот Томас Лути. 

Тимот на Estrella Galicia 0,0 Marc VDS денеска објави дека од следната сезона во МотоГП класата за нив ќе настапува Швајцарецот Томас Лути. 

Она што е интересно е дека Лути ќе му биде клубски колега на Франко Морбидели, сегашниот конкурент за титулата во Мото2 класата.

thomas luthi vds

Лути дебитираше во МотоГП (класата 125) во 2002 година, а од 2003 се приклучи како постојан возач. Во 2005 година ја забележа првата победа на патеката Ле Ман, а таа година стана и Светски шампион во оваа класа. Во Мото2 класата тој постојано е на врвот, минатата сезона ја заврши на втората позиција, а во моментот во генералниот пласман е исто така на втората позиција со 26 бода заостанување зад Франко Морбидели.

Лути има искуство и со МотоГП машина, откако тестираше за тимот на КТМ во 2016 година, пред тие да влезат како официјален тим во МотоГП.

„Имавме неколку опции за местото во тимот, но без размислување првично му го понудивме на Лути, иако тој е почетник во МотоГП. Тој е шампион од класата 125, и врвен возач во Мото2 класата. Всушност 2013 е единствената година кога тој завшрил надвор од Топ 5 на крајот на сезоната (беше шести). Тој постојано се бори за место погоре, затоа сум среќен и горд што можам да му посакам добредојде во нашиот тим“ - изјави Марк ван дер Стратен, претседател на Marc VDS тимот.

Back To Top