KTM RC16 MotoGP проектот покажа добри перформанси на тестовите во Захсенринг. Австрискиот тим можеби ја има предноста на домашниот терен, но сепак доби пофалби од останатите тимови.

KTM RC16 MotoGP проектот покажа добри перформанси на тестовите во Захсенринг. Австрискиот тим можеби ја има предноста на домашниот терен, но сепак доби пофалби од останатите тимови.

Иако KTM RC16 формално ќе биде претставен на публиката за време на Австриската Гран При трка, добивме потврда дека тој ќе учествува на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија.

KTM RC16 MotoGP test Red Bull Ring Spielberg 05

Тест возачот Мика Калио ја потврди информацијата. Тој изјави дека тимот на КТМ ќе добие вајлд карта за трката во Валенсија, пред да земе учество во пост сезонското тестирање кое се оддржува по завршувањето на шампионатот.

Очекувањата од проектот се високи, но тоа веќе е и познато. Две секунди заостанување зад лидерите во Захсенринг, е добро темпо за КТМ. Тие веќе постигнуваат подобри резултати од тимот на Suzuki кој беше во иста ваква ситуација пред неколку сезони.

Вистинските перформанси на КТМ нема да ги дознаеме на патеките во Австрија и Валенсија, туку за време на тестовите по завршувањето на сезоната.  Тогаш Бредли Смит и Пол Еспаргаро конечно ќе го тестираат моделот за сезоната 2017.

Има уште многу време до тогаш, но сепак со нетрпение очекуваме уште еден фабрички тим да стане дел од MotoGP шампионатот.

Back To Top