28
Пет, Апр
MotoGP

Тимот на Ducati сѐ уште не одлучил кој ќе му биде колега на Лоренцо

„Ќе почекаме пред да донесеме одлука кој помеѓу Јанон и Довициозо ќе остане во тимот“

Следете нè на:

 

Ducati велат дека сѐ уште не одлучиле кој ќе му биде колега на Хорхе Лоренцо следната сезона.

Спортскиот директор на тимот, Паоло Чиабати, ја отфрли можноста тимот да потпише договор со нов возач и потврди дека ќе задржат еден од актуелните возачи.

ducati nema zamenaДовициозо или Јанон? Кој ќе му биде тимски колега на Лоренцо од 2017?

Во интервју за Sky Italia, Чиабати изјави: „Сѐ уште не сме одлучиле. Првин сакавме да го обезбедиме потписот на Лоренцо. Сега ќе почекаме пред да одлучиме кој ќе остане во тимот, дали Јанон или Довициозо.“

„И двајцата се извонредни возачи и нема да имаме лесен избор. Разговаравме и со двајцата и мислам дека неизвесноста околу нивната иднина нема да им влијае. Разговаравме и со Хорхе и нему му е сеедно кој ќе му биде следен колега.“

Актуелниот светски шампион Лоренцо ќе премине во тимот на Ducati со кого потпиша двегодишен договор. Шпанецот е најпознатиот возач кој го променил тимот откако Валентино Роси премина од Yamaha во Ducati и Кејси Стонер премина од Ducati во Honda во 2011 година.

„Сакавме да потпишеме договор со еден од најдобрите возачи и знаеме дека тој кој ќе ни помогне да ја освоиме титулата“, изјави Чиабати. „Мислам дека мотоциклот што го имаме оваа сезона и фактот дека сме компетитивни беше одлучувачко при потпишувањето на овој договор.“

„Сметам дека не беше тешко да го убедиме Хорхе.“

И Довициозо и Јанон овоија по едно место на подиумот во изминативе три трки, а две трки не успеаа да ги завршат. Најпозната е трката во Аргентина кога Јанон се судри со Довициозо на неколку метри пред крајот на трката.

comments

Би можело да ве интересира

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!