Единственото нешто што недостасува-покрај прашањето кој ќе го вози новиот моторцикл- е веќе постоечки тим кој му е потребен на Сузуки за да се врати во шампионатот во 2014 година.

suzuki-de-puniet-motogp-2013-1

Единственото нешто што недостасува-покрај прашањето кој ќе го вози новиот моторцикл- е веќе постоечки тим кој му е потребен на Сузуки за да се врати во шампионатот во 2014 година.

Ренди де Пуние веќе имаше дводневно тестирање во Муџело со Сузуки MotoGP, а ќе тестира и во понеделник после трката во Барселона, пред да заминат за Арагон на дополнителни тестови.

Давиде Бривио наводно ќе стане тимски менаџер и очигледно веќе нашол неколку места во Италија откаде што ќе може да управува со тимот. Единственото нешто што недостасува-покрај прашањето кој ќе го вози новиот моторцикл- е веќе постоечки тим кој му е потребен на Сузуки за да се врати во шампионатот во 2014 година. Се чини дека оваа потрага е потешка отколку што се очекуваше.

Според Шпанската интернет страна motocuatro.com, Дорна предложила Сузуки да понудат 1,6 милиони евра и да го купат местото на некој приватен тим, но очигледно ниту еден тим- и покрај тоа што повеќето од нив се слаби со финансии а некои не се ни конкурентни-не е подготвен да ја прифати таа цена и бараат помеѓу 5 и 6 милиони евра.

Дорна можеби ќе дозволат да се зголеми бројот на моторцикли за да може да се натпреварува и Сузуки,а тоа повеќе ќе му одговара на Јапонскиот производител бидејќи така ќе имаат поголема контрола и ќе бидат на исто ниво со Хонда, Јамаха и Дукати.

Back To Top